Египетски хороскоп – откријте кој бог владее со вашиот знак

13 декември, 20150
222

Египетскиот хороскоп е поделен на дванаесет знаци и со секој од нив владее едно божество. Дендеровиот зодијак всушност е создаден за време на династијата Птоломеј под влијание на грчката култура. Единствениот оригинален Дендеров зодијак е пронајден од страна на француските војници во близина на храмот Хатор. Во египетскиот хороскоп постојат 12 соѕвездија, и секое од нив е поделено на три периоди од 10 дена. Секој период од 10 дена претставува една голема ѕвезда.

Врз основа на датумот на раѓање лесно ќе откриете кое божество ве заштитува вас:

Нил: 1.1. – 7.1., 19.6. – 28.6., 1.9. – 7.9., 18.11. – 26.11

Амон Ра oд 8.1. дo 21.1., oд 1.2. дo 11.2.

Мут oд 22.1. дo 31.1., oд 8.9. дo 22.9.

Геб oд 12.2. дo 29.2., oд 20.8. дo 31.8.

Озирис oд 1.3. дo 10.3., oд 27.11. дo 18.12.

Изида oд 11.3. дo 31.3., oд 18.10 дo 29.10., oд 19.12. дo 31.12.

Тот oд 1.4. дo 19.4., oд 8.11. дo 17.11.

Хорус oд 20.4. дo 7.5., oд 12.8. дo 19.8.

Анубис oд 8.5. дo 27.5., oд 29.6. дo 13.7.

Сет oд 28.5. дo 18.6., oд 28.9. дo 2.10.

Бастет oд 14.7. дo 28.7., oд 23.9. дo 27.9., oд 3.10. дo 17.10.

Секмет oд 29.7. дo 11.8., oд 30.10. дo 7.11.

Нил

Oва е единствениот знак кој не е бог во традиционалниот египетски хороскоп. Родените во овој знак се мирољубиви, префинети, страствени, импулсивни и харизматични. Овие луѓе создаваат, а не набљудуваат. Чувствителни се во поглед на богатствата кои и ги носат на својата околина. Воедно се склони кон промени на расположението во текот на денот, и општо во животот.

Клучни квалитети: хуманост, префинетост, систематичност, љубов кон науката, толерантност, смисла за хумор, емоционалност, креативност

Свето животно: антилопа

Боја: бела

Амон Ра

Ра е главен бог во Египет. Неговиот соларен култ дава светлина на целата египетска земја, тој е божеството кое се одвојува од првобитното и создава потполно нов живот. Ра претставува симбол за сила и луксуз. Според египетските верувања Ра поседува моќ да го оплоди кое било земјиште. За лицата родени во знакот на Ра, се верува дека имаат големо срце, зрачат со енергија и лесно ќе ја го пронајдат патот кој води до големите можности. Ра на човекот му дава говор, а на детето во мајчината утроба живот. Родените во знакот на Ра никогаш нема да имаат оскуден живот, нивниот дух е желен за истражување и талкање. Сепак, може да ве разочара што овие лица не се многу емоционално поврзани со околината.

Клучни квалитети: креативност, сила, рамнотежа, мудрост, лидерство, авторитет, доверба

Свето животно: овен (како и лав и бик)

Боја: црвена (како и нијанси на зелена и сина)

Мут

Мут е едно од најстарите египетски божества. Во присуство на оваа божица човек се раѓа со чувство дека неговиот живот мора да биде без вина, во смисла на мистичните паралели помеѓу животот и смртта. Лицата родени во знакот на Мут се таинствени и склони кон меланхолија. Знаат да бидат полни со иронија, фрустрирани поради својата срамежливост, но сепак имаат огромно внатрешно богатство и знаат како да стигнат до целта со помош на своите контакти. Строги се, одлучни и многу ретко романтични. Поседуваат очигледна мудрост, а нивната надеж на другите им изгледа инспиративно. Тоа што го бараат од другите е добра волја.

Клучни квалитети: посветеност, внатрешно богатство, заштита, смиреност, самоувереност, способност да се поврзат со другите.

Свето животно: крава, мачка

Боја: бела

Геб

Геб е симбол за земјата и сè што земјата ни дава. Геб е роден во влажните и дождливи денови. Како чувар на животот, Геб има позитивни квалитети, како и способност да поднесе тешки животни удари. Како симбол на меморијата, за поголем дел од лицата родени во овој знак, се предвидува кариера во правецот на администрацијата, психологијата, или пак работата како советник или писател. Овие лица се атрактивни и ги забележуваат впечатливите нешта. Скромноста и способноста да сочувствуваат понекогаш може да им биде и мана, но нивната сила е во тоа што имаат способност да ги поднесат и најтешките удари кои ќе им ги приреди животот. Родените во знакот на Геб се чувствителни, но лесно застануваат на нозе поради големата самодоверба која ја имаат.

Клучни квалитети: рамнотежа, смиреност, гордост, самодоверба

Свето животно: гуска

Боја: зелена и кафеава

Озирис

Со помош на Изида, неговата жена и сестра, Озирис на луѓето им дава упаства за обработување на земјата. Како симбол на континуитетот, овој бог е жртва на постојаната љубомора кон својот брат Сет. Озирис го убива својот брат Сет, а потоа ја воскреснува својата жена Изида. Тој оди во подземниот свет и се враќа. Озирис е симбол за подмладувањето и новите почетоци. Лицата родени во овој знак се великодушни и посветени на саканите, а нивната кариера се стреми кон говорник или организатор. Овие лица поседуваат и изразена интуиција. Воедно се жестоки, но и ранливи во случај на конфликт, а кога се соочуваат со дилема секогаш се прашуваат дали го одбрале вистинскиот момент за акција.

Клучни квалитети: сила, стабилност, обновување, праведност, милост, мудрост, љубов кон законите, љубов кон науката и уметноста

Свето животно: бик, птица

Боја: црна, зелена, бела

Изида

Изида е главна божица во древната египетска религија. Изида е божица на мајчинството, љубовта, магијата и медицината. Во животот на лицата родени во овој знак владее исклучиво љубовта. Овие луѓе се среќни, амбициозни, и енергични. Никогаш не остануваат на едно место и секогаш се во потрага по нешто подобро и ново. Често знаат да бидат горди на самите себе, а добиваат и голема поддршка од мајката, браќата и сестрите. Иако ја сакаат солидарноста и единството, и уживаат во помагање на семејството и пријателите. понекогаш одат до таму што би си го загрозиле сопствениот живот за да им помогнат на другите. Отворени се кон другите, но често знаат да се најдат во ситуација во која се разочаруваат и повредуваат од другите.

Клучни квалитети: Активност, самоувереност, угледност, почит, едноставност, идеалисти, искреност

Свето животно: Овен

Боја: Црвено, портокалова, златна

Тот

Тот им дава на луѓето генијални идеи и инспирација. Лицата родени во овој знак се остроумни, лукави и нетрпеливи. Тие воедно се големи ентузијасти, кои никогаш не ја сакаат просечноста и пакоста. Тот по природа е шармантен, мудар, снаодлив и има исклучителна меморија. Родените во овој знак поседуваат храброст и сакаат да ризикуваат. За Тот се смета дека е незамисливо да го погази својот збор и да измами некого. Повеќе родени во овој знак имаат склоност кон книжевност, а често се занимаваат и со просветна дејност. Имаат тенденција да се дружат со лица кои ја поседуваат истата сила и волја, и кои имаат слични професии.

Клучни квалитети: мудрост, снаодливост, ентузијазам, храброст, острумност, скромност и желба да помагаат

Свето животно: Мајмун

Боја: небесно сина

Хорус

Правдата во светот на древните египјани се обликува со помош на Хорус. Овој осветољубив бог, син на Изида и Озирис, влегол во легендарда борба со Сет. Хорус е бог прица и поседува квалитети како просветителство и мир, а воедно е заштитник на небото и ѕвездите. Лицата родени во знакот на Хорус се движат низ животот со неверојатна сила и волја. Хорусовата интелегенција и желба за постојано учење ги води припадниците на овој знак на патот кон разбирање и разоткривање на важните нешта во животот. Тие поседуваат психичка рамнотежа, поради склопот на татковата мажественост и доприносот на мајката. Хорус, воедно им овозможува да се препуштаат на своите мисли и фантазии. Овие луѓе имаат бујна имагинација и ја сакаат природата.

Клучни квалитети: Храброст, харизматичност, интензивност, силна волја, интелигентност, разбирање, нетрпеливост, одмаздољубивост и влијателност

Свето животно: сокол, мечка, лав

Боја: црвена

Анубис

Анубис е бог на подземјето. За Анубис, богот со лице на пес, се смета дека ја пронашол и проширил техниката на балсамирање на мртвите. Овој бог ја симболизира смртта и талкањето на покојникот додека не го убеди Секмент да ја отвори вратата во долината на безсмртноста. Лицата родени во овој знак се паметни и полни со сочувство, но во себе имаат и темна страна. Нивните длабоки страдања понекогаш можат да изградат ѕид кој повремено ја ограничува нивната љубовна иницијатива. Овие лица зрачат со својата личност, свесно се противат на другите и секогаш се подготвени да најдат нови решенија во секој сегмент од животот. уживаат во црн хумор, ја сакаат самотијата, но истовремено се многу емотивни и чувствителни.

Клучни квалитети: заштита, сила, комфор, праведност, лукавост, ум, разбирање и истрајност.

Свето животно: шакал, пес

Боја: црна

Сет

Сет е бог на бурата, хаосот, војната и нередот. Луѓето родени во овој знак се амбициозни, иновативни, секогаш бараат промени и нови возбудливи нешта. Имаат потреба да доживеат многу авантури пред да ги задоволат своите внатрешни желби. Многу лесно и едноставно учат на своите грешки и поседуваат неверојатна упорност кога станува збор за предизвици, бидејќи сет е најупорниот знак во Египетскиот хороскоп. Суштината на Сет е метаморфоза, а родените во овој знак се во состојба да примат неограничено многу знаење. Овие лица се бунтовници кои не сакаат ограничувања.

Клучни квалитети: безстрашност, бунтовност, неконвенционалност, рамнотежа, недоразбирања и предизвици.

Свето животно: Орел

Боја: Боја на песок

Бастет

Бастет е божица со тело на жена и лице на мачка, во Египетската религија се појавува доцна, иако мачката е праисториски симбол во оваа религија. Бастет е воедно божица на љубовта и музиката. Бастет е фасцинација која произлегува од забранетото место. Лицата родени во овој знак ја бараат рамнотежата и хармонијата во односите со другите. Тие знаат како да ги заштитат и како да им се посветат на своите најмили, а при тоа повремено занемарувајќи ги своите интереси. Поседуваат внатрешна сила и двигателност која им помага да ги препознаат своите скриени непријатели и да триумфираат над нив. Родените во овој знак поседуваат шарм, харизма и се успешни.

Клучни квалитети: Мајчинство, заштита, сложност, тактика, внимателност, грациозност, двигателност, свесност, преданост, пријатност и суптилност.

Свето животно: мачка

Боја: Црвена, зелена и сина

Секмет

Секмет е поларна божица која ја преставува војната и насилството. Кај лицата родени во знакот на Секмет не може да се препознае сочувство или сомнеж. Овие лица се внимателни, интуитивни, авторитативни и ретко се задоволни со себе. Поседуваат чувство за морал и се склони кон критика и жалост, и покрај своите тајни желби и чувства. Бараат многу од луѓето околу себе, но и од самите себе. Имаат тенденција да бидат горделиви.

Клучни квалитети: моралност, внимателност, авторитативност, принципијалност, креативност, заштита, одмаздољубивост и сила

Свето животно: Лав

Боја: Црвена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi