– Еден седмособен апартман е претворен во ексклузивен бордел каде е дозволена работа единствено на проститутки кои се во брак. Засега се уапсени 11 луѓе, изјави Маргарита Маслова, портпарол на московската полиција.
Во Русија постои елитен бордел кој вработува само мажени жени за нивните клиенти да може да си ги остварат желбите да спијат со туѓи сопруги. Ова е откриено од страна на тамошната полиција, па целокупниот бордел бил затворен за јавноста.
Поголемиот дел од мажите на елитните проститкутки не знаеле дека тие се занимаваат со ваква “професија” и дека за само еден час заработуваат околу 350 евра.
Борделот за оваа работа им нудел и можност да заработат многу повеќе бидејќи во регуларните бордели цените се движат околу 55 евра. Меѓутоа, за овие жени да ја добијат работата, потребно било да приложат и венчален лист како доказ дека се навистина омажени.
Полицијата е сè уште во потрага по “госпоѓата” која раководела со овој бордел, попозната како “Mamma” која успеала да избега за време на претересот.
Од друга страна пак, проститутките ќе се соочат со минимална казна од само 30-тина евра, но веројатно ќе се соочат со многу поголеми проблеми кога ќе се соочат со нивните сопрузи кои немале апсолутно никаква идеја што всушност работат тие.