ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 чаша брашно
* 1 чаша гриз
* 1 чаша шеќер
* 1 пакетче прашок за пециво
* 1кг. jаболка – кисели
* 1 чаша растително масло
* 1 кафена чаша мелени ореви
* 1 лажица цимет.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Тавата се мачка со малку од маслото. Рерната се загрева на 170 степени.
- Првите 4 состојки се мешаат добро.
- Половина од оваа мешавина се става во тавата. За да е рамномерно фатете ја тавата со двете раце и нежно навалете ја на едната, па на другарта страна.
- Ренданите јаболка измешајте ги со циметот и оревите и распоредете ги врз првата смеса.
- Врвот се покрива со првата половина од сувата смеса.
- Се додава маслото со помош на лажичка.
- Се измазнува, ако е потребно и се пече додека да порумени (околу 20 минути).