Еминем раскажа сè за своето минато во пеколот на дрогата

popara10 август, 20151min00
4 copy

Еден од најпознатите музичари на светот, раперот Еминем, во својата исповед за еден магазин открил како паднал во канџите на дрогата, но и како се извлекол од тој пекол.

Имено, сè започнало додека го снимал филмот „8 милји“ (8 Miles). Станал зависен од таблети и разни други супстанции и не се грижел дали ќе преживее.

Со оглед на тоа што „дрогата му направила дупка во стомакот“, раперот почнал многу да јаде и енормно да се дебелее.

Толку многу се здебелил што веќе не можел да се движи, а престанал и да изглегува од дома, затоа што одењето му било отежнато. Во тој период одлучил да си помогне себеси.

– Таблетите за смирување коишто со години ги земав оставија дупка во мојот стомак, па за да ги избегнам болките, константно јадев.

Кога излегов од рехабилитација, морав да ослабнам, но и да пронајдам начин да функционирам трезен – раскажал Еминем.

„Само една работа ме извлече од пеколот. Тоа беше трчањето. Почнав да трчам како луд, 27 километри дневно. Бев како хрчак, постојано трчав.

Наутро кога ќе станев и ќе појадував, првото нешто што го правев пред да заминам во студио беше излегување на патеката и трчање до изнемоштеност.

Тогаш почнав да слабеам. Дрогата буквално ми одзеде пет години од животот“, рекол Еминем, кој благодарение на тренинзите постигнал тежина помала од 70 килограми.

Раперот во една прилика раскажал и дека во одвикнувањето му помогнал и Елтон Џон, кој и самиот бил на рехабилитација во 1999 година.

– Кога прв пат сакав да се откажам од дрогата, го повикав Елтон и со него разговарав за тоа. Тој е некој кој е долго време во овој бизнис и го разбира притисокот и другите работи поради кои луѓето се вртат кон дрогата –  рекол Еминем.