Емотивно ветување на младоженец за малата поќерка расплака милиони лица

28 февруари, 20150
Емотивно ветување на младоженец за малата поќерка расплака милиони лица

Снимката од свадбениот ден на Брајан Скот и неговата сакана Кеј во последниве неколку дена забрзано го обиколува светот поради емотивниот говор на младоженецот на свадбената церемонија.

Популарното видео го прикажува разменувањето на свадбени завети меѓу Брајан и Кеј, но и силната врска помеѓу Брајан и неговата поќерка Бриел. Моментот во кој тој клекнува на колена и ѝ се колне дека ќе се грижи за неа е најемотивниот момент кој прво ги расплака гостите, а потоа и милиони интернет корисници.

Брајан Скот и Бриел

„Бриел, може ли да ти кажам нешто? Ти давам збор дека секогаш ќе ја држам твојата рака и ќе потскокнувам со тебе по улица, дека ќе донесам комфор во твојот живот. Се колнам дека ќе те терам да ја кажуваш твојата молитва пред да јадеш. Ветувам дека ќе ти читам приказни навечер и дека секогаш цврсто ќе те завивам. Ти давам збор дека ќе ти покажам како еден маж треба да се однесува кон една жена преку мојата врска со мајка ти. И што е најважно, се колнам дека ќе те штитам, ќе се грижам за тебе и ќе те сакам засекогаш“ – ѝ вели Брајан на малата Бриел.

Видеото досега има над 3,2 милиони прегледувања на YouTube.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi