Еве како сами да направите домашна маска со која ќе ги отстраните сите митесери!

3 декември, 20150
1

За жал, ретко чија кожа е целосно ослободена од митесери.

Тие најчесто се создаваат на носот, брадата и челото, а настануваат поради вишокот себум во проширените пори, па така со нив воглавно се мачат мажите и жените кои имаат мешана и масна кожа.

Пилинзите и лосионите против митесери ни помагаат да ги држиме под контрола, но секако најефикасни се фластерите кои ги извлекуваат од порите.

За жал, делотворните фластери против митесери знаат да бидат скапи, но сигурно ќе ве развесели фактот што евтино може да ги направите дома!

Оваа супер финта е преземена од Pinterest.

Состојки: Желатин и млеко

Постапка:

Измешајте лажица желатин со три лажици млеко. Мешајте додека не добиете паста. Потоа загрејте ја смесата на десет секунди во микробранова и повторно измешајте. Кога ќе добиете глатка смеса нанесете ја на носот и оставете 15 минути.

Откако смесата ќе се стврдни, можете да ја отстраните заедно со митесерите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *