Еве која боја ќе биде No. 1 за пролет/лето 2016

popara9 декември, 20156min00
8

Еве која боја ќе биде No. 1 за пролет/лето 2016

Откако WWD ја објави топ 10 листата на бои за жени и мажи на сите ни стана јасно дека во 2016 година главен збор ќе го имаат нежните нијанси.

Леатрис Ајсман, извршната директорка на познатиот институт „Pantone Color“ верува дека психолошките причини се главната причина зошто наредната година во мода ќе бидат нежните смирувачки нијанси.

„Фактот дека сите сме преокупирани од технологијата и дека сме достапни 24 часа на ден е главната причина поради која ни требаат смирувачки нежни бои. Технологијата денес игра голема улога во животите на луѓето поради што понекогаш сакаме да се исклучиме од стварноста и да се одмориме од сé“ вели Леатрис Ајсман.

Преку 22 % од дизајнерите ја користеше токму бојата „rose quartz“  во своите колекции за пролет 2016 со што оваа препознатлива боја стана водечка за наредната сезона, а веднаш зад неа се нежната праска боја и пастелно сина (бебешка) боја.

„Ова навистина е прекрасна нијанса на розова боја која совршено стои на кожата и на жените и на мажите“, додаде Леатрис.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag