Еве зошто постарите мажи сакаат помлади жени

popara5 декември, 20151min00
9

Признајте дека кога ќе забележите постар маж со млада жена помислувате дека навлегол во средовечната криза… Неговата млада партнерка му е сексуално привлечна (покрај неа се чувствува млад) и не го вознемирува со проблемите кои ги имаат постарите жени.

Секако, младите жени се забавни, слободоумни, енергични. Таа енергија е привлечна за постарите мажи кои веќе почнале да размислуваат за нивната смртност.

Тоа се стереотипните причини поради кои луѓето мислат дека постарите мажи сакаат помлади жени. И додека за некои тоа е вистина, привлечноста е малку покомплицирана од тоа. Кога се во прашање младите жени, кај старите мажи ја наоѓаат основната човечка потреба, а тоа е поврзаноста. Тоа го тврди Ким Олвер, писателка на „Тајната на среќните парови“.

Таа потреба се разликува кај мажите и жените во времето кога се појавува. Младата жена најчесто има поголема потреба за поврзаност. Иако сака и кариера, пред сѐ сака да основа семејство. Од друга страна, младиот маж е фокусиран на потребата да биде успешен и значаен во животот. Имаат врска и семејство, а нивната примарна цел е да најдат начин како да успеат во животот.

Кај младите луѓе настанува конфликт затоа што жената сака повеќе интимност, а мажот е сконцентриран на кариерата.

Постариот маж со младата парнерка ја делат истата потреба за поврзаност. Помладиот маж е фокусиран на успехот, а младата жена на врската. Некаде на средина од животот доаѓа до менување на улогите. Во тој момент, мажот ќе сфати дека младоста му поминала додека тој бил во потрага по успех, а во тој процес го занемарил семејството. Уморен е од сѐ и бара повеќе во врската. Истовремено, постарата жена е уморна од поставување на мажот и децата на прво место, и занемарување на своите потреби. Подговена е да се посвети на учењето или кариерата која ги паузирала поради семејството.

Тоа е причината зошто постарите мажи сакаат помлади жени. Младите жени им се покомпатибилни. Можеби поради тоа мажот почнува да размислува како да создаде ново семејство со помлада жена, за овај пат да го направи тоа како што треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma