Едноставно не сакате да чекате да ви се одмрзне готовото тесто или да чекате да „стаса“ тесто кое претходно вие треба да го подготвите? Гиро питите се одлична замена за тестото за пици, а и далеку побргу ќе ги подготвите.
Потребни состојки (за едно лице):
- 2 парчиња гиро пита
- 1 – 2 лажички маслиново масло
- 4 – 5 лажици сос од домати
- 1 шолја рендан кашкавал
- Сувомесен производ по желба
- Пармезан по желба
Подготовка:
Загрејте ја тавата на тивко, ставете едно парче гиро пита на маслиновото масло и веднаш нанесете тенок слој од сосот од домати и слој кашкавал.
Потоа ставете ја и втората гиро пита.
Со еден брз потег превртете ги.
Потоа нанесете уште еден слој кашкавал и салама или кулен по желба.
Почекајте да се стопи и горниот слој кашкавал додека не добие златно жолта боја.
Декорирајте со пармезан по желба.