Годишен хороскоп за 2015

9 јануари, 20150
12

ОВЕН

Работа – Во текот на минатата година многу работевте па реално очекувате оваа година добивката да не ве одмине. Тоа и ќе се случи, но сепак немојте да летате, смирете го боемот во себе . Немојте веднаш да честите сè и сешто, размислете сепак годината има 365 дена кои мора да се преживеат. Ако правилно ги распоредите може да ви помогнат во тешките месеци како што се март, септември, октомври и ноември кога токму финансиите ќе ве окупираат. Во текот на овие месеци бидете внимателни и во донесување на важни одлуки поткрепени со ваш потпис. И оваа година пред вас е цел која планирате да ја остварите на ова поле но овојпат немојте многу да се надевате на финансиска награда или што се вели пари нема да добиете можеби некое унапредување. Остварувањето на целта од сега гледајте го како опстанок на работното место . Оние припадници кои се занимаваат со свој бизнис можеби ќе застанат на свои нозе некаде од втората половина на мај. Во текот на летните месеци ништо посебно нема да се случи. Ѕвездите велат дека голема пресвртница ќе ви се случи во октомври кога ќе започнете да правите планови за нов пристап или сосема нова работа во која веќе ќе ја гледате вашата иднина.

Љубов – Јануари ќе биде исполнет со многу средби, дружења, но со стари пријатели или поранешни партнери. Уживајте во ваквите средби, но никако немојте да потклекнете на нечии моментални изливи на љубов, извинувања заради „X“ причини . Сето тоа е само приказна за мачкање очи. Што се вели : „било и поминало“ . Искрено нема да ви биде лесно особено кон личност кон која сте имале посебни чувства, но истите оставете ги длабоко во себе не дозволувајте да излезат во спротивно подгответе се за големи болки и разочарување. Оние слободните припадници нека одберат страстен партнер кој ќе умее да ги покаже своите емоции и нема да се срами во јавност да ве држи за рака и гласно да каже „да ова е мојата љубов“ . Во текот на февруари, април и јули ќе ви биде дадена одлична прилика од ѕвездите за вакво нешто, а вие не пропуштајте ја. Имајте на ум дека за вас успешна врска е онаа каде има многу секс, а чувствата ќе си дојдат сами по себе.

Здравје Хранете се здраво, вежбајте и обезбедете му на организмот доволно сон. Ова е година кога може да се обидете во некој нов спорт за кој сте размислувале во последно време или да одвоите малку време за себе и да ја исфрлите негативната енергија преку вежби.

БИК

Работа Во текот на ова 2015 годинс поинаку ќе гледате на настаните на бизнис сцената. Можеби и вие конечно ја сфативте вистината. Сега ќе бидете подготвени на компромиси, помагање на колегите, примање на совети што кои до скоро не беа ваши особини. Добро е што од самиот стрт ќе се поставите правилно па имате големи шанси да го задржите сегашното работно место. Во текот на зимските месеци ќе имате многу нови идеи, ќе менувате партнери за работа и доста ќе експериментирате. Ова сè укажува на динамичен период со доста заложби од ваша страна, но сепак обидете се да покажете малку стабилност барем во однос на ставовите или начините на извршување на работните задачи. Немојте да дозволите некој од страна да добие погрешно мислење за вас како на пример личност која е конфузна, нерешителна, нестабилна. Ако треба да се одлучите за партнер во работењето одберете некој во знакот на водолија. Некаде кон крајот на годината ќе видите дека добро сте постапиле. Игрите на среќа можете да ги практикувате во март, август и септември. Доколку планирате купување на автомобил стрпете се оваа година не е за таква инвестиција.

Љубов Промените во однесувањето се застапени и кај вас и кај вашиот партнер. Но тоа не треба да ве оддалечува од него, напротив тоа ќе биде подлога за зацврстување на вашата врска. Конечно решение ќе донесете кон крајот на јануари па така ќе имате смирен стабилен љубовен живот. Внимавајте само на секојдневните проблеми од типот на задоцнето плаќање на сметки, да не влијаат негативно врз односот со партнерот. Обидете се секогаш смирено и оптимистички да разговарате на таа тема. Оние слободните припадници ќе се измачуваат од трката по соодветен партнер. Не губете верба во себе, сè ќе се среди само на ова поле оваа година ќе имате два периода. Едниот е од почетокот па до мај кога околу вас постојано ќе има некој кој ќе сака да биде со вас, да се дружи со вас, да ви подели комплименти и топли прегратки, а другиот период е од јуни до крајот на годината кога ќе имате чувство дека сите бегаат од вас. Токму во тој период некаде во летните месеци кога љубовните приказни се најсилни ќе ја пронајдете личноста од соништата која ќе биде во знакот на овен, девица или близнак

Здравје Некаде до крајот на јули ќе чувствувате повеќе мачнини. На периоди ќе биде во желудникот, па во стомакот за да заврши со жолчката. Нема ништо сериозно, но за да бидете вие мирни направете лекарски прегледи на овие органи.

БЛИЗНАЦИ

Работа Вам многу нешта во животот не ви се поставени на соодветните места, па така и на ова поле ќе бидете растргани помеѓу разумот и емоциите. Вашиот разум вели дека крајно време е оваа година да се тргнете од влијателна личност во знакот на јарец и конечно да останете сами па со своја глава да решите по кој пат да продолжите. Ние ви препорачуваме предност да му дадете на разумот , вашата ментална хармонизираност е во склад со настаните па затоа немојте повеќе својата кариера да ја градите зад завесата на некој друг. Погоден период за да излезете на виделина се месеците март, април или септември. Добрата организација и насоченоста кон лица кои позитивно ве стимулираат ќе биде само успех за вас. Способноста за извлекување и од најкритичните ситуации нема да ве заобиколи особено во периодот од втората половина на февруари, првата седмица на мај и во текот на целиот ноември. Значи за оваа 2015 топло ви препорачуваме стабилна посветеност на работното место, не дозволувајте некој за вас да каже дека во соработка со вас има само безброј недовршени проекти и заборавени идеи. Вие докажете го спротивното.

Љубов И на ова поле нештата ќе мора да се доведат во ред. Досега било како било, но од сега ако сакате да избегнете скандали од типот на жолт печат од самиот старт земете ги нештата во свои раце. Не дозволувајте да доминираат нагонските сили и емотивната привлечност како до сега, туку емотивната и духовната поврзаност со партнерот. Вашите љубовни желби лесно ќе се остваруваат од 18 мај до 20 септември, период кога лесно ќе запознаете нова личност во некое здружение или клуб од каде ќе се роди вистинска љубовна романса . Останатиот период бидете посмирени. Јасно ова вам нема да ви се допадне затоа што здодевноста е нешто што најмалку го сакате, но ако малку размислите ќе видите дека сами можете да си го подобрите периодот. Ќе најдете начин за дружење и пополнување на празнините.

Здравје Кога ќе посакате да се откажете од новиот начин на живеење, сетете се само, зошто сте почнале.

РАК

Работа Зимата не е ваш период од годината кога покажувате некоја посебна активност, па сепак оваа зима особено во првиот месец од годината ќе имате многу повеќе обврски отколку што вие се надевате. Ова нема да биде изненадување за околината туку за вас самите . Иако почетокот на годината ќе ви донесе драматични сцени вие сепак ќе останете доследни и лојални на вашата работа. Некои од вас ќе бидат на ново работно место или сосема во нова фирма па ќе се обидувате да докажете колку вашите обврски бараат индивидуален пристап. Не плашете се и работата во тим добро ќе ви оди. Преодниот период од февруари во март ќе ве прави посигурни па дури честопати ќе си дозволувате и на другите да им советувате што да прават затоа што претходно ќе знаете што ќе се случи. Сторете го ова, но суптилно немојте да се наметнувате за да не си создадете непријатели. Веќе од јули ќе може да се видат конкретно и првите резултати, на што ќе бидете горди и вие самите. Да, ете тоа се случува кога ќе излезете од вашата „заштитна куќа“.

Љубов Носењето паметни потези на полето работа не значи дека ќе ве прави доволно паметни и сигурни на полето љубов. Најчесто ќе сакате да седите отстрана и да набљудувате . Не седете надвор од случувањата и не прашувајте се кој какви и колкави сексуални апетити има. Соберете храброст направете избор и пробајте ги. Животот може да се живее само ако сте активен учесник во него во спротивно се е тоа само бујна фантазија и апстрактни илузии. Во периодот од 22 февруари почнуваат силни емотивни бранови на кои нема да можете да одолеете. Од тој период за слободните ракови започнува една нова емотивно силна страница во нивниот живот. Оние кои се во брак ќе ја зацврстат својата врска од април до јуни па ќе можат да уживаат во благодатите на љубовта.

Здравје – Оние ракови чија работа е поврзано со подолг временски период во седната положба може да имаат проблем со рбетот и целиот скелет па затоа вам ви се советува што повеќе да пешачите, останатите нека внимаваат од алергии во пролетните месеци.

ЛАВ

Работа – Почнувате нешто сосема поинаку, нешто многу големо. Проект кој бара да се вложат многу пари, но и голем ум и знаење. Вие не сте знак кој сака да ризикува . Обично ги разгледувате сите можности и варијанти за да донесете правилно решение. Бидете внимателни особено кон односот на партнерите за овој проект чија реализација може да потрае и пет – шест години. Ќе мора да соработувате и со повозрасни личности од вас, да го слушнете нивното мислење иако понекогаш сте убедени дека од нив нема што да научите. Значи овој пат прифатете помош од сите, за да ги намалите ризиците на минимум. Оние пак невработените или незадоволните од сегашната работа нека тргнат во потрага по нешто ново, поинакво. Поволен период за вакво нешто е од април до мај. Конкретни договори може да очекувате веќе во јуни. Во овој период и вие самите ќе бидете поупорни особено кога ќе насетите некоја препрека. Оние припадници кои подолго време работат за ист работодавач ќе почнат да се гушат од авторитети па ќе имаат неверојатна желба за спас од истото. Дел од вас ќе се решат за самостојна работа, а дел ќе бараат нешто ново. Во периодот од 1 до 20 август има можност за потпишување на важни документи за вас па затоа летниот одмор планирајте го во некој друг период.

Љубов – Во текот на целата година ќе се обидете максимално да ги криете своите емоции. Пред околината ќе покажувате едно, а внатре во душата ќе има нешто сосема друго. Но зошто да се измачувате? Зарем не мислите дека ќе биде полесно и за вас и за оние околу вас ако знаат што се случува во вас. Некаде во јануари на партнерот ќе му простите голема грешка затоа што вие тоа го можете, но и затоа што тоа го сакате. Размислете малку и сами, ако во вас немаше доволно љубов за него сигурно дека нема да имавте ни сила да поминете преку вакво нешто. Затоа сега отворете се, покажете ги своите емоции. Оние припадници кој се сеуште сами среќата ќе им се насмее од март до јули. Тоа е периодот кога можете да најдете сродна душа. Но меѓу вас има и такви кои бараат само уште едно тело за втората половина од својот кревет. Тогаш најдете си некој во знакот скорпија или девица.

Здравје – Крајно време е малку да се завртите и кон овој сегмент од животот. Ако вие не сакате тогаш некаде во февруари ѕвездите ќе ве подсетат. Проблеми можете да имате со висок крвен притисок и вишок на килограми. Се согласувате и вие дека за своето здравје вреди да се намали количината на храната во чинијата.

ДЕВИЦА

Работа – Многумина од вас минатата година беа менаџери или административци. Кон крајот на годината вашето работно место или стои на стаклени нозе или пак сосема сте го изгубиле. Повеќето од вас за ваквата ситуација се виновни сами. Но што сега? Секако не е доволно само да се каеме или некого да обвинуваме, главата горе и се разбира се од почеток. Ако ова го сфатите сериозно веќе од самиот старт на годината вашиот проблем ќе се реши. Работете и немајте целосна доверба во никого освен во себе. На овој начин грешката нема да се повтори. Професии во кои можете да се пронајдете се готвење, средување на ентериер, менаџирање во угостителството или во културата. Ете ова се местата каде што треба да го барате својот леб. Добар период за работа е јануари, крајот на февруари, но најдобро е почетокот на пролетта па се до октомври. Ќе видите дека ќе успеете вие и онака секогаш сте биле во предност додека некој учел множење и делење вие практично сте учеле со готовина во рака.

Љубов – Колку и да не се согласувате со нас сепак знаете дека вашата љубовна врска буквално се распаѓа. Се обидувате нешто да сторите, но сметате дека не е доволно. Мораме да кажеме дека не сте далеку од вистината, но што да се прави, нешто што не го чувавте со години сега сакате да го средите за неколку дена. Подобрување на ситуацијата очекувајте во јуни а до тогаш не губете трпение и верба во себе. Голема поддршка ќе имате од семејството, а вие возвратете со почитување на лицата кои ви значат. Оние слободните припадници нека ја испробаат среќата во март и во јуни, но притоа немојте да ги идеализирате оние околу вас. Не правете си бариера самите на себе, знаете дека е лесно некој вас да ве сака особено кога сте сензибилни и нежни, умеете да покажете внимание и конкретни предлози за забава.

Здравје – Заради активностите кои ве очекуваат во текот на целата година постои можност за болки во нозете, но само од замор. Нешто на што треба посебно да внимавате тоа е вашето срце па затоа почесто проверувајте го како и шеќерот во крвта.

ВАГА

Работа – Вам веднаш мора да ви кажеме дека нема да ви биде лесно во текот на целата година особено со финансиите. Некоја набрзина донесена одлука сега ќе ви создава потешкотии. Смирете се немојте да дозволите стресот и бесот да надвладеат со вас, полека и смирено посветете се на правење планови како да ја намалите загубата. Вас вагите барем ви лежи планирањето. Токму стресот на почетокот од годината ќе ве поттикне да работите со поголема концентрација па така веќе од мај ќе бидете на правиот пат до решение. Не се плашите од работа па затоа и ќе размислувате за дополнителни ангажмани, што ќе се покаже како одлука на спасот. Некои пари кој воопшто не ги очекувате ќе пристигнат на вашата сметка некаде во август. Материјалната ситуација ќе го погоди своето вистинско време некаде од октомври, а до тогаш воздржете се од сите дополнителни трошоци .

Љубов – Обично не сте иницијаторот на ова поле, тоа го оставате на лицето од спротива. Но не срамете се слободно покажете кога некој ви се допаѓа. Некоја љубовна врска која започнала нестабилно во декември минатата година сега полека заличува на нормална врска. Впрочем, мора да се признае дека главен виновник бевте вие и желбата за својата слободата. Зарем мислите дека оние кои се во врска немаат и свое време? Секако дека имаат, но за истото треба навремено да се разговара со партнерот, за сè има решение. Оние ваги кои се во брак или подолга врска ги очекува тежок период со кавги, несогласувања што може да резултира дури и со прекин на истата на неколку месеци. Но без паника, ако мислите дека е подобро да се оддалечите од партнерот некое време и да размислите со своја глава сторете го тоа, но немојте прекинот да го направите со остар рез. Обидете се да имате некаков контакт барем телефонски и не оддолжувајте премногу.

Здравје – Вашето расположение брзо ќе се менува од една во друга крајност и се заради погоре кажаните нешта. Проблемите на финансиски и љубовен план секако нема да ве остават рамнодушни. Обидете се да го намалите стресот со некој спорт и дружење со пријателите.

СКОРПИЈА

Работа – Како и секогаш така и сега ќе превземате многу одговорности на свој грб што ќе резултира со премореност и незадоволство. Сакате да ги зголемите приходите многу се трудите, но сепак не успевате. За вакви резултати не сте виновни само вие, виновни се соработниците, стагнацијата во сите сегменти во стопанството и услугите па кога сè ќе се стави на еден кантар се добиваат токму такви резултати. Сепак сметаме дека вам добро ви оди затоа што многумина не само што не се профитабилни туку и пропаднаа. Во текот на април некој невработени скорпии ќе ја започнат својата професија во сферата на трговијата. Ова не е ништо посебно, но барем е некаков почеток. Само родените од втората декада нека се обидат во полето на информатика таму е нивната иднина. Во месеците февруари, мај и септември особено внимавајте со потпишување на документи.

Љубов – Се обидувате да ја задржите саканата личност на сите можни начини но дисфункцијата во врската сеуште е присутна. Ако нешто не се може подобро е навреме да го отстраните она што не се поправа. Во текот на март на социјалните мрежи ќе запознаете интересни личности со кои комуникацијата одлично ќе ви оди. Дури ќе имате и сериозни понуди за забава и тоа од повозрасна и помлада личност од вас. Сега ќе имате дилема со која да започнете. Се додека не излезете од виртуелниот свет и во живо не ја почувствувате близината на едната и другата личност секако дека нема да можете да донесете решение. Флуидот е тој кој ќе ги разбранува вашите емоции и ќе ве води понатака во љубовта. Оние кои се во врска ќе имаат стабилен и мирен брачен живот но својата страст ќе ја празнат во низа авантури во текот на целата година. Особено во ноември бидете повнимателни постои можност да се открие вашата тајна врска .

Здравје – Во целина добро ќе ве служи во текот на целата година. Мали промени и проблеми ќе почувствувате во текот на март- април, но ништо страшно. Треба само да го одржувате во добра кондиција своето тело за да ве служи здравјето што подолго.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Некоја промена за работното место ви била најавена уште од октомври 2014, сега во јануари истата ќе се реализира. Некој од вас ќе се решат за варијанта да заминат од фирмата каде што се, но некој ќе се согласат да останат само да го сменат работното место. Но како и да е и за едните и за другите ова ќе биде пресвртница во професионалниот живот. Прашањата од типот што и како понатаму се навистина непотрени. Потребно е само да се погледне директно во реалноста и да се зграби она што се може. Едно е јасно дека сите мора да преживееме само на различни начини. Токму начините ги одредуваме 50% ние самите. Ѕвездите велат дека работа со медиуми, маркетинг или самостојна работа би ви одговарала барем оваа година. Вашиот темперамент, подвижност и начинот на комуникација ве прават добро информирана личност, а штом се има точна информација тоа е половина завршена работа. Затоа имајте потполна доверба во своите сили. Во своја самостојна работа би биле најефективни затоа што тогаш нема кој да ве ограничува, начините и средствата за работа ќе ги одредувате вие самите па за оние невработените најдобра варијанта би била токму ова.

Љубов – Невообичаено, но вистинито. На моменти се обидувате да ги сокриете своите интимни чувства, или пак тајни намери. Токму затоа во 2015 за околината делувате доста затегнато и студено. Зошто се мачите себеси, зошто да не одговорите на позитивните емоции и страста која пристигнува до вас од еден овен, близнак или лав.
Некои од вас својата љубов ќе ја сретнат на некои спортски терени, а некои во затворени простории како канцеларија или продавница. Затоа посебно внимание посветете му на периодот од 20 март до 20 април кога ќе налетате на близнак или лав со кој би имале одличен секс. Во целина на ова поле ќе ја поминете годината во пријатна и возбудлива атмосфера. Оние родените во парна година може да се соочат и со развод кој би бил во договор со постоечкиот партнер.

Здравје Единствен проблем е вашата меланхолија која во многу сегменти може да ви го искомплицира животот, затоа ослободете се од неа.

ЈАРЕЦ

Работа – За некој кризата заврши, за други веќе работите тргнаа во нагорна профитабилна линија за нас, кризата одамна почна, но сеуште трае дури и во подлабоки размери. Не сме песимисти, само ги сложуваме коцките. Индустрија скоро и да нема, услужните дејности многу ги има, енергетскиот систем е веќе зафатен . Црна слика ќе се согласите и вие! Вашиот интелект и моќта од финансиите која ја чувствувате ве тера да размислувате каде да вложувате оваа година. Сепак како и сите кои имаат малку повеќе пари и вие ќе решите да финансирате во градежништво, но не во станбени згради туку во градење на објекти од јавен карактер, можеби нешто поврзано со здравство . Се е ова во ред само ќе мора да се подготвите за мачна работа одење по шалтери , потпишување на документи изработка на елаборати и уште многу нешта. Планетите препорачуваат да почнете веднаш по Новогодишните празници оти време нема. Па со среќа. Сето ова најверојатно ќе го завршите до 2016 година. Оние невработените среќата нека ја бараат надвор од земјава, некаде во Европа.

Љубов – Однадвор цврсти, непопустливи дури тврдоглави , однатре меки како памук романтични, полни со љубов прво за себе, а потоа и за оние околу вас. Кој го сфатил ова, во вас ќе најде вистински партнер од соништата кој не тешко дека ќе издржи со вас. Ова би било накратко за вашите емоции. Но, ако сакате љубената да биде ваша тогаш не играјте квизови со неа туку отворено покажете колку ви значи. Желбата за атрактивна , заводлива и паметна личност до вас ќе ви се исполни по божиќните празници. На некоја забава во опуштена атмосфера вашата визија ќе прошета пред вас. Сите сетила ќе ги насочите во тој правец и комплетно ќе ја освоите. Родените од третата декада ќе уживаат во љубовни триаголници.

Здравје – Во најскоро време направете склад помеѓу полето работа и љубов за да ги заштитите крвните садови, а притисокот да го доведете во нормала. Оние родените од првата декада, нека ги проверат бубрезите и нивната функција.

ВОДОЛИЈА

Работа – Веќе подолго време сериозно пристапивте кон интернет порталите кои нудат работа во странство, особено оние кој не се задоволни од моменталната работа или се невработени. Само едно треба да си знаеме „и таму не цветат рози“ . На работното место ќе мора сериозно да ги завиткате ракавите. Со почетокот на годината ќе добиете и нови ангажмани кој во текот на месеците февруари, март , мај и јуни комплетно ќе ве окупираат, но добивката од сето тоа ќе биде добра мотивација за понатака .Ќе остварите контакти со личности кои се на функција и ќе бидат вашата врата за понатамошни проекти. Во текот на април имате непредвидени трошоци кои сериозно ќе ја нарушат финансиската слика, но среќа пријател во знакот на девици ќе ви помогне. Оние кои се занимаваат со свој бизнис најдобро е да размислат за некоја промена, реорганизација. Сите овие сегменти ќе ви создаваат тензии и главоболки со кој ќе мора да се справите во текот на 2015 година.

Љубов – Окупирани сте со полето работа, но пак полето љубов ќе биде вашиот извор на енергија. Ако сте во врска во која нема страст, „тешко вас“ најдобро откажете се од истата. Секој нека си тргне по својот пат. Ова ќе биде година во која ќе имате многу страсти и нежности истите ќе сакате да ги споделите со некого па затоа често ќе ви се случува покрај партнерот да имате и авантури и флертови. Сето ова ќе го правите свесно затоа што тоа ќе биде вашиот спас од повеќе проблеми. Оние слободните нека ја испробаат својата среќа во текот на летните месеци кога ќе добиваат понуди од лица во знакот на бик, девица и вага. Период кога вам ќе ви годи да освојувате и да бидете освоени. Опуштете се и немојте да стравувате од љубов која ви носи задоволство, годините и малите тајни понекогаш се навистина неважни елементи за среќа.

Здравје – Ќе се чувствувате исцрпено таква ви е годината. Многуте обврски ќе ја одземаат вашата енергија до последниот атом, но ако навреме ја обновувате нема да имате штетни последици по вашето здравје.

РИБИ

Работа – Од самиот почеток проблем на ова поле во врска со некои документи хартии или неплатени долгови. Ако сте во приватниот бизнис, обидете се со некои други мерки да ги намалите трошоците немојте да земате кредити, многу тешко ќе ги враќате. Сконцентрирајте се , само на најважните елементи друго се отстранете за да можете некако да опстоите. Значи финансиски тешко ќе стоите во текот на целата ова 2015. Во текот на јануари и февруари комуникацијата со соработниците тешко ќе ви оди. Нема да сакате да слушате за нивните предлози туку ќе реагирате импулсивно што дополнително може да ја влоши целата ситуација. Посебно обрнете внимание на разните озборувања и приказни кои иако ви делуваат неосновани сепак вреди да се слушне, да се размисли, од нечии грешки може и да се научи. За среќа од март малку ќе мрднат нештата или ќе примените нешто дополнително, мало. но сепак доходовно. Оние невработените нека се обидат со дополнителни курсеви, дообразование ако можат да си го дозволат за да имаат некаква шанса за работа.

Љубов – Како да ја заборавивте љубовта. Од романтична, емотивна личност се претворивте во затворена повлечена. Со ова не си правите ништо добро напротив си ја отежнувате целата ситуација уште повеќе. Не мачете се дозволете им на емоциите и страстите да проциркулираат низ вашето тело. Не лажете се сами дека водењето љубов покрај камин ги разгорува страстите не, тоа само огнот од каминот го зажари вашето тело ….
Првата искрена прилика за опуштена љубов ќе ја имате во почетокот на март, мај, јули и септември. Подадената рака и топлата искрена насмевка немојте да ја одбивате. Љубовта и страста само ќе го закрепнат вашето тело, ќе ги зацврстат вашите мисли и целосно ќе ве подготват за силната борба со финансиите.

Здравје – Покрај толку многу проблеми тешко е да кажеме дека и на ова поле добро ќе поминете. Стресовите, нервозите ќе си го земаат својот данок во вид на главоболки и депресии. Но вашата силна психофизичка страна сепак ќе победи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi