Гвинет Палтроу покажа како изгледа без шминка

popara8 јануари, 20151min00
14
Добитничката на Оскар, Гвинет Палтроу, за разлика од повеќето свои колешки, не се плаши да покаже како изгледа нејзиното лице без шминка. Токму тоа го направи неодамна, поставувајќи на својот профил на Инстаграм фотографија на која се гледа нејзиното лице пред и после шминкање.

Првата фотографија покажува бледо и по малку уморно лице со подочници под нејзините очи и видливи брчки, додека на другата Гвинет изгледа гламурозно благодарение на шминката. На другата фотографија нејзините јаболчници изгледаат подефинирано, додека косата и` е собрена во елегантна пунџа.


Постот веројатно е спонзориран оглас за Max Factor, брендот на кој Гвинет Палтроу му е заштитно лице, но фановите ќе бидат воодушевени кога ќе видат дека и на Палтроу и` е потребна мала помош за да изгледа добро.

Daily Mail открива дека популарната ѕвезда издвојува околу 14.000 долари месечно за нега.

Оваа мајка на две деца ужива во Реики масажи за смалување на стресот за што месечно одвојува 2.220 долари. Исто така, таа е љубител и на интравенски витамински терапии кои чинат и до 289 долари по сесија. Се проценува дека Гвинет заминува на третмани најмалку еднаш месечно, а годишно тоа ја чини околу 3.500 долари.


Гвинет, чие богатство се проценува на 40 милиони долари, исто така два пати годишно оди на ласерски третман на лицето, вратот и веѓите, што чини речиси 17.000 долари. Еден од третманите на кои оди е и третман на лицето со матични ќелии. Една сесија чини 300 долари, или околу 12.000 долари годишно. За третмани во фризерски салон, Гвинет одвојува околу 6.000 долари годишно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag