Ова е најмоќниот и најдобриот телефон на светот

8 јануари, 20150
15

Неодамна LG официјално го претстави новиот G Flex 2, телефон кој според изгледот, спецификациите и уникатните функции, дефинитивно е еден од најдобрите (ако не и најдобриот) телефон на светот…

Оригиналниот модел воведе две новини – флексибилен заоблен екран и задно куќиште изработено од смола кое само се лечи од гребаници. Но, овој модел имаше слаби перформанси и заради тоа не беше омилен кај купувачите. LG си ја научи лекцијата – добивате телефон со одличен дизајн и тенки граници на 5,5 инчниот екран, кој поседува FullHD резолуција. Екранот е изработен од пластичен OLED материјал и е заоблен од горниот и долниот дел.

Во внатрешноста се наоѓа моќниот Snapdragon 810 octa-core процесор, кој поседува 64-битна архитектура и е скоро двојно помоќен од Snapdragon 805, кој се наоѓа во уреди како Nexus 6 и Galaxy Note 4.

Куќиштето е изработенот од специјална комбинација на смола и пластика, со што телефонот е 20% поиздржлив од претходникот. Освен тоа, задното куќиште се „лечи“ од гребаниците значително побрзо – додека на оригиналниот модел му требаа до 2 минути, G Flex 2 го прави тоа за само 10 секунди.

За перформансите ќе се погрижи и 2GB DDR RAM меморијата, а просторот за складирање е со големина од 16GB или 32GB со можност да го проширите преку MicroSD картичка. Камерата на задната страна поседува резолуција од 13 мегапиксели, ласерски фокус и оптичка стабилизација на сликата. Ова и овозможува да прави слики за помалку од пола секунда.

Предната камера е со резолуција од 2,1 мегапиксел, што е под стандардот за денешните #selfie фотки.

Телефонот ќе започне да се продава кон крајот на јануари по засега непозната цена. На потег сега е Samsung со Galaxy S6!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi