Х Фактор: Давид Темелков на чекор до големото финале!

26 мај, 20150
Х Фактор: Давид Темелков на чекор до големото финале!

Во вечерашното издание на Икс фактор, кога имавме можност да слушнеме само половина од изведувачите бидејќи другиот дел ќе ги чуеме денес, настапи нашиот Давид и успеа да си обезбеди место за следната недела.

Во епизодите посветени на Евровизија, учесниците изведуваа хитови од големиот фестивал, а Давид ја избра песната со која пред две години Калиопи ја претстави Македонија, Црно и бело. Тој солидно се справи со предизвикот и покрај малата критика за фрлањето на еден од реквизитите, тој доби пофалби за пеењето. Масимо му препорача единствено да биде повнимателен при изборот со песни, како би дошла до израз специфичноста на неговиот глас, наместо да се прилагодува тој на песната.

https://www.youtube.com/watch?v=slRAWwip3Hk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi