Девојчиња меѓу 6 и 10 години под команда на своите родители станаа дел од шоу бизнисот. Толку мали, тие трпеа сценска шминка, гардероба и беа изложени на сцена…Десетгодишната Хани Бу Бу е еден од доказите дека ужасот на овие девојчиња не престанува ниту кога ќе се изгаснат камерите. Телевизиската ѕвезда која во седмата година учестуваше во емисијата “Toddlers & Tiaras” и понатаму со мајката Џун ги посетува местата на кои се собираат ријалити-ѕвездите.
Инаку, нејзиното вистинско име е Алана, а по “Toddlers & Tiaras” имаше и свое шоу “Here Comes Honey Boo Boo” во кое учествуваше целото нејзино семејство.
Мајката на Алана имаше идеја да заработи пари од нејзината ќерка, а тоа ги згрози психолозите ширум светот. Телевизијата која го емитуваше шоуто “Here Comes Honey Boo Boo” го прекина снимањето бидејќи дознаа дека мајката Џун Шенон била во врска со осуден педофил Марк Мекданиел.
Социјалната служба спроведе истрага во ова семејство кога во емисијата беше прикажано дека малата Алана пие пијалок кој е мешавина од газиран сок и енергетски пијалок, и дека танцува за пари во бар како искусна танчерка. Уште додека беше во ријалити емисијата Алана беше полничка, а начинот на живот кој и го дозволи мајка и ја доведе до ваков изглед: