
Мет Милер пател од необично бизарно пореметување. Тој во еден период од животот почувствувал потреба да вгради пластична кукла во своето тело, пишува порталот Amazing World.
Дури и психолозите биле шокирани кога слушнале за неговото пореметување. „Имаме луѓе кои имаат потреба да се кастрираат, да си отстрануваат екстремитети… Импулсите се често поради претрпени трауми во детството и таков е случајот и со овој господин“.
Милер си играл исклучиво со кукли кога бил мал, а омилена му била Аманда. Неговата постара сестра му рекла дека е преголем за да си игра со кукли (тогаш имал 16 години) и потоа му ја украла Аманда. Тоа го скршило.
„Тој буквално ја сакал таа кукла, му беше како дете, мајка и љубовница спакувани во пластична човечка форма“, рекол психијатарот.

Минатата година, после 32 години Милер ја пронашол куклата на таван. Ова ја поттикнало неговата сестра уште повеќе да го исмејува. Го нашла како ја капе куклата, ја храни и ја нарекува „мој мал зрак сонце“… Таа му рекла на Милер дека овој пат нема да му ја скрие куклата, туку ќе ја запали.
Тогаш, Мет паднал во делириум. Одлучен бил веќе никој никогаш да не ја оттргне од него, па решил куклата да си ја вгради во стомакот.
Не можел да пронајде хирург во Америка кој сакал да ја направи таа бизарна операција, па отишол во Костарика каде што платил 50.000 долари за овој необичен потфат.
„На секого ќе му направам било каква операција ако ми плати во готово“, рекол пластичниот хирург. „Минатиот месец на еден човек му го отстранив пенисот и истиот му го пришив за опашната коска. Сакаше опашка, па сега си има“.

Милер моментално бил на специјални лекови кои му помагале на неговото тело да не го отфрли страното тело. Тие исти лекови се даваат кај трансплатација на мозок, црн дроб и срце. Мет моментално бил во добра здравствена состојба.
„Мојата сестра сега ќе мора да извлече бебе од моето тело, ама буквално. Тоа може да ми направи големи здравтсвени проблеми, дури и смрт. Иако е многу сурова, сепак мислам дека нема да се осмели да го стори тоа“, рекол Милер.