Хит диета: Подмладете се 5 години и ослабнете 5 килограми

15 јануари, 20150
7

Дерматолозите предлагаат исхрана која има важна улога за спречување на предвременото стареење, бидејќи ја штити кожата од штетните УВ зраци, а истовремено штити од дијабетес, срцеви заболувања и го забрзува губењето на тежината. Доколку менито го збогатите со интегрални житарки, омега -3 масни киселини, протеини, овошје и зеленчук и витамин Ц, на здрав начин можете да ослабнете до 5 килограми за еден месец, но и да ја одложите појавата на брчки, вели дерматологот д-р Адам Фридман.

За кожата да биде здрава и затегната, ви препорачуваме да избегнувате шеќер, алкохол и заситени масти како оние кои се наоѓаат во црвеното месо и полномасните млечни производи.

-Храната ја делиме на три категории, во зависност од воспалените процеси кои таа ги предизвикува на клеточно ниво. Па така постојат про-воспалителна, неутрална и анти-воспалителна храна. Заситените и транс-масните киселини, шеќер и скроб го стимулираат воспалението и го забрзуваат стареењето, додека на пример рибата, овошјето и зеленчукот  делуваат антиинфламаторно, па затоа имаат ефект на подмладување – објаснува американскиот дерматолог.

Нискокалоричните и здрави оброци од оваа диета му помагаат на телото да го одржи здравјето, виталноста, младоликоста и пропорционалниот изглед.

dieta

1         Ден

Појадок: мусли од 2-3 лажици житарици, ½ чаши ниско-маслено млеко, ½ лажица какао, 3 лажици плодови од овошје, ½ јаболка и 2 лажици мелени ореви

Ужина: 5 интегрални крекери

Ручек: супа од морков со ѓумбир, порција интегрален ориз со зелечук

Ужина: чаша чоколаден пудинг (без шеќер), 20гр печени кикирики

Вечера: ослиќ филе, маслиново масло, ¼ од зелка, парче интегрален леб

2         ден

Појадок: мусли од 3 лажици корнфлекс, ½ чаша ниско-маслено млеко, лажичка мед, 1,5 лажица сецкани бадеми, лажичка брусница

Ужина: свежо сирење со домати

Ручек: 200гр пилешки гради без кожа, чаша интегрален ориз, домат, ¼ црвена пиперка, ¼ зелена пиперка

Ужина: јаболко, 3 ореви, 2 лажици јогурт со ниска масленост

Вечера чаша варени макарони, прелив од домат, 5 маслинки

3         ден

Појадок: интегрална тортлја, парче козјо или кравјо сирење, домат, 2 варени јајца

Ужина: парче интегрален леб, 2 лажици хумус, домат

Ручек: Вегетаријански бургер со моцарела и домат, 6 бадеми

Ужина: банана

Вечера: свинско филе со зачини и оцет балсамко, печен компир со кора

4         ден

Појадок: парче интегрален леб, 2 парчиња сланина со помалку маснотии, парче сирење со ниска масленост; половина чаша диња со исцеден лимон

Ужина: парче интегрален леб, 2 лажички намаз од лук, домат

Ручек: половина конзервирана туна, интегрална тортилја, чаша боровница

Ужина: 6 бадеми, ред чоколадо за готвење

Вечера: салата со пилешки гради, морков, црвена зелка, жолта пиперка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi