Холи Медисон за сексот со Хефнер: Полошо е отколку што можете да замислите!

19 ноември, 20150
6

Кога се појавила книгата на поранешната зајачица Холи Медисон каде што се изнесени детали од животот во куќата на Хју Хефнер, сите во неа веднаш ги побараа деловите посветени на сексот. Тие, најверојатно, и се разочарале, бидејќи Холи тие делови ги изоставила од една конкретна причина. Веднаш штом ќе го слушнете, ќе помислите, “Полошо отколку што очекував”.

Долго не сакав да зборувам за времето кое го поминав во вилата. Сите ме прашуваа за тоа а јас давав позитивни одговори, понекогаш и одбивав да одговорам. Но во еден момент тоа стана неизбежно. Стојам позади секоја одлука за која сум ја напишала и ја објаснувам во книгата – рече Холи во шоуто Венди Вилијамс.


Таа истакнала дека постоеле многу “црвени знаменца”, предупредувања во однесувањето на Хју Хефнер, но таа ги игнорирала, бидејќи едно време тој навистина и бил драг. Таа напоменала и дека Хефнер имал периоди на депресија, а таа го советувала да побара стручна помош.

Основачот на “Плејбој” одбивал бидејќи сметал дека докторите не посветуваат вистинско внимание на оние кои им се обраќаат за совет.
Кога водителката ја прашала за сексуалните оргии кои што се одржувале во вилата, Холи одговорила дека “сите девојки едвај чекале да завршат.”


– Јас навистина не сакав да пишувам за 50 нијанси на сиво на еден дедо – рече поранешната зајачица.
Таа изјави дека стравувала за реакцијата на луѓето на нејзината книга. Нејзината главна цел е да се охрабрат жените кои се наоѓаат во лоши врски или некои одредени лоши ситуации кои траат, им порачала да дозволат нивните избори и партнери од минатото засекогаш да ги дефинираат.
Хју Хефнер претходно соопштил дека Холи со своето пишување се обидува да ја смени историјата.
– Тој мисли дека јас ова го правам поради слава, затоа што тој не може да се разбере дека една жена има нешто да пренесе и да ја раскаже својата приказна – рече таа.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi