
Каков е вашиот однос кон финансиите? Дали спаѓате во штедливите (и скржави) знаци, или пак сте еден од оние кои трошат како да не постои утре? Освен знакот во кој сте родени вашиот однос кон парите е опишан и во втората куќа на хороскопот и планетите кои се сместени во неа, но текстот подолу опишува што знакот во кој сте родени зборува за начинот на кој раководите со финансиите.
Овен
Овните никогаш не се плашат да ризикуваат, тие се водат од идејата дека среќата ги следи храбрите. Не сакаат да собираат пари на купче, повеќе сакаат да прават постојани вложувања, а не бeгаат ни од ризичките инвестиции кои некогаш им се исплатат, а некогаш не. Импулсивни се и темпераментни, и не се оптеретуваат со размислување за иднината, а токму таков е и нивниот однос со парите. Трошат непромислено и често се прецeнуваат, но се вечни оптимисти кои се уверени дека на крај се ќе заврши со исход позитивен за нив. Навистина, иако се невнимателни и радо трошат пари на друштво, спорт, патувања и излегување, ретко кога имаат вистински финансиски проблеми. Можеби причината за тоа е што се снаодливи и секогаш знаат како да дојдат до пари кога им требаат.
Бик
Како и сите земјени знаци, така и Биковите ги бие глас за лица кои се штедливи и внимателни со парите. Сепак, луѓето родени во овој знак не се скржави и секогаш радо би потрошиле пари на убава храна, пијалак или уредување на домот, така што приказната за нивната штедливост не држи вода. Сакаат да собираат пари и нешта, а тешко се одрекуваат од стекнатото. Промислени се и тешко се одлучуваат за ризични потези, а веруваат во пари исклучиво стекнати преку работа. Тешко можете да ги измамите и да ги убедите да ги вложат парите во некој ризичен проект. Секогаш сакаат да имаат барем малку пари на страна поради стравот од немаштија. Своите пари радо би ги вложиле во недвижности бидејќи секогаш размислуваат долгорочно.
Близнаци
За близнаците се вели дека живеат во моментот, што е видливо и во нивното однесување кон парите. Невнимателни се и не сакаат да штедат, па често се во долгови од кои се извлекуваат барајќи позајмици или кредити. Во некој период од животот можат да имаат многу пари, а веќе во следниот ни скршен денар, но не се оптоваруваат со тоа бидејќи секогаш доаѓаат до сумата која им е потребна. Ако им се чини дека некоја понуда ветува без размислување ги вложуваат своите пари.
Рак
Овие луѓе се многу внимателни со парите, па од мали нозе се штедливи и промислени. Сакаат да собираат пари и не се склони на расипничко однесување, но не се ни скржави и радо позајмуваат пари на членовите од семејството или пријателите кои имаат финансиски проблеми. Не веруваат во брза заработка, а до пари обично доаѓаат преку напорно и внимателно работење, како и паметни долгорочни инвестиции. Токму затоа и не сакаат да се впуштаат во финансиски ризици, а парите порадо би ги вложиле во антиквитети, земја, недвижнини и сите други работи на кои вредноста би им растела со годините.
Лав
Лавовите сакаат луксуз и уживаат во трошење пари на уживање и задоволство. Сакаат другите да им завидуваат и често имаат најскапа облека, парфеми и накит и радо инвестираат во автомобили и уредување на домот. Великодушни се па не трошат пари само на себе, туку и на луѓето кои ги сакаат, а со задоволство се честат во фини ресторани и одат на убави патувања. Дури и ако не заработува многу, Лавот ќе се погрижи другите да не го забележат тоа и ќе продолжи со животот на висока нога. Таквото однесување често води до финансиски проблеми, но храбрите Лавови знаат како да дојдат до пари, така што на крај секогаш се враќаат на нозе. Радо инвестираат во злато, сребро, накит и останати вредности.
Девица
Како и во сите други аспекти од животот, Девиците се внимателни и кога станува збор за финансиите. Штедливи се и секогаш внимаваат како трошат, а не се впуштаат во поголеми трошоци без детална анализа. Песимисти се кои стравуваат во неизвесноста на иднината, па затоа секогаш настојуваат да имаат заштедени пари, за црни денови. Вредни се и внимателни, а заработените пари радо ги ставаат на штедна книшка, или се впуштаат во долгорочна и сигурна инвестиција. Сепак, има некои работи на кои дури ни Девиците не штедат. Свесните се за важноста на здравјето, и никогаш не се грижат за тоа колку ќе потрошат на здрава органска храна, витамини, медициски препарати или справи за вежбање.
Вага
Вагите навистина уживаат во шопинг, па поради тоа може да се каже дека се најтрошливиот знак во хороскопот. Уживаат во убава облека, козметички третмани и на тоа никогаш не штедат. Често се во минус, но некако успеваат да спојат крај со крај трошејќи го минусот на картиците, позајмувајќи и земајќи кредит. Радо би вложиле пари во некоја привлечна идеја, но поради неодлучноста веројатно пропуштаат многу добри прилики. Здружувањето со други може да им донесе корист, а за нив тоа е особено важно за да научат да бидат умерени со парите.
Скорпија
Скорпиите се вистински мајстори кога станува збор за пари и заработка. Овие луѓе имаат добро чувство за бизнис, а кога станува збор за поголеми инвестиции редовно се потпираат на својата интуиција која ретко ги изневерува. Склони се на ризик, но истиот тој во многу ситуации им се исплати. Дискретни се и таинствени кога станува збор за нивните пари, па дури ни партнерот ни членовите на семејството не можат да знаат колку пари има Скорпијата и на што ги троши. Парите за нив претставуваат моќ, па се трудат да заработат што повеќе, а поголем дел од нив имаат заштедени средства за црни денови.
Стрелец
Великодушниот стрелец е еден од знаците кои не се оптоваруваат со штедење и страв од иднината. Стрелците трошат како не постои утре, а најрадо одат на патувања или се честат во рестораните. Сакаат да трошат и на другите, па поради сево ова често не внимаваат и крајот на месецот го дочекуваат со минус на сметката. Нивен владетел е Јупитер, поради што никогаш не остануваат без пари благодарејќи на тоа што често им се укажуваат прилики бргу да дојдат до пари. Сепак, колку брзо што заработуваат, толку брзо и можат да ги изгубат парите, па затоа се советува да бидат повнимателни се своите финансии.
Јарец
Јарците се внимателни и амбициозни луѓе кои напорно работат за да заработат пари, па поради тоа и не ги трошат брзоплето и импулсивно. Од мали знаат да штедат и да се откажуваат од луксуз бидејќи парите за нив претставуваат сигурност и моќ. Обично се смета дека се скржави, но тоа не е навистина така бидејќи Јарците секогаш се подготвени да им помогнат на блиските ако се во неволја. Поради тоа што она што го имаат го стекнале напорно работејќи тие се едни од ретките луѓе кои навистина ги ценат парите и не сакаат туку така да останат без нив. Штедливоста и одрекувањето секогаш им се исплатат, бидејќи во подоцнежните години обично живеат лагодно, а нивниот имот е одраз на нивниот успех во животот.
Водолија
Водолиите неретко имаат необичен однос кон финансиите. Постојат периоди од животот кога имаат многу пари, но и периоди во кои живеат во безпарица. Радо ги трошат парите за себе и на своите блиски, делат се што имаат и секогаш им позајмуваат на пријателите, а сакаат да донираат и во хуманитарни цели. Ги привлекуваат необични инвестиции и финансиски шеми, но треба да внимаваат да не влегуваат во сомнителни инвестиции кои можат да им донесат штета и губиток.
Риба
Рибите знаат да бидат вистински мајстори за стекнување на пари, но не им е лесно да ги задржат. Живеат во некој свој свет во кој финансиите не играат главна улога, па често живеат со повисок стандард од оној кој навистина го имаат. Не е реткост да се најдат заглавени во кредити и минуси, но на крај секогаш успеваат да поврзат крај со крај. Радо позајмуваат пари ако некому му треба, а неретко забораваат на долговите. Истото важи и кога тие самите позајмуваат пари, па често забораваат да ги подмират своите долгови. Ако немаат покрај себе луѓе кои би им давале практични совети невнимателните Риби можат да ги вложат парите во сомнителни инвестици кои ветуваат лесна и брза заработка, или да се впуштат во некој неисплатлив проект кој нема изгледи за успех.