Хороскоп: Совршена љубовна врска или порта кон „пеколот“?

popara17 октомври, 20151min00
2

Овен-Овен

Кога ќе се сретнат два Овна на повидок е љубовна експлозија. Тие одат на се или нешто и уживаат во сето она што го прават. Можеби ќе имаат проблеми бидејќи и двајцата се тврдоглави. Понекогаш сакаат се да биде по нивно, но доколку се научат да живеат со тоа и ако и дозволат на љубовта да го надмине инаетот, врската помеѓу нив ќе успее.

Бик-Бик

Постои голема веројатност за стабилна и долготрајна врска. Но, таа нема да успее доколку едниот сака да се забавува а другиот не. Можни се и проблеми од финансиска природа.

Близнаци-Близнаци

На почетокот ќе изгледа како да се створени еден за друг, ќе има торнадо од емоции, флерт.. Но на долги стази врската нема да успее затоа што нема да постои стабилноста која на двајцата им е потребна.

Рак-Рак

Некогаш премногу емоции не се секогаш на добро. Врската може да успее само доколку се научат да ја ценат сензибилноста кај другиот. Но од друга страна Ракот секогаш бира посилен партнер покрај себе, кој ќе може да го подржува, а тоа не може да му го пружи друг Рак.

Лав-Лав

Врската нема да успее затоа што постојано ќе се борат кој да доминира. Постојано ќе бидат во кавги се додека не се изморат и не решат да ја прекинат врската.

Девица-Девица

Оваа врска има големи шанси за успех, и покрај тоа што се перфекционисти и постојано сакаат да наоѓаат маани кај другите. Но само друга Девица може да ги задоволи нивните специфични случаи.

Вага-Вага

Врската може нема да успее само затоа што често ќе премолчуваат многу работи, а тоа ќе прерасне во константно незадоволство. Тие може да успеат само доколку сфатат дека понекогаш е потребно и да се скараат.

Шкорпија-Шкоприја

Постојано ќе има драми, конфликти, бури од емоции. Токму затоа врската може брзо и бурно да започне, но исто така и да заврши.

Стрелец-Стрелец

Не може да функционираат на долги патеки. Можеби врската ќе успее само доколку се целосно искрени еден кон друг.

Јарец-Јарец

Можеби ако си дадат доволно простор врската ќе им успее. Но оваа врска исто така може на почетокот да нема силни страсти а потоа да се подобрува како што изминува времето.

Водолија-Водолија

Оваа врска може да успее, двајцата се добри љубовници и пријатели. Сакаат несекојдневна врска која заедно може да ја имаат. Бидејќи постојано ќе трагаат по авантура ќе ги заборават емоционалните проблеми.

Риби-Риби

Ова е на прв поглед идеална комбинација. Но може да се појави проблем затоа што и двајцата се сонувачи и фантазери а не преземаат ништо за да ги реализираат своите соништа. Исто така и премногу се жртвуваат за љубовта а тоа може да ги измори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag