Хороскоп: Ве оставил?! Што да направите?!

28 март, 20150
5

Како најдобро ќе му се осветите ако ве оставил? Заблескајте во нов сјај!

Овен

Доста беше грицкање нокти и превртување на мислите во главата, „.. барем да му кажев..не требаше да му се смеам и.т.н. Време е за нова фризура. Извлечете прамени ако тоа никогаш не сте го правеле.

Бик

Безрезервно прифатете ги здравите промени. Не давете ја тагата во море од слатки, бидејќи штетата што тие ќе ја предизвикаат ќе ве направи уште понесреќни. Фрлете се на здрава храна. Вежбајте и експериментирајте со шминката.

Близнаци

Вие сте одлични во давањето совети на пријателите кога тие имаат љубовни проблеми. Зошто тогаш ви е толку тешко да си помогнете себеси? Не гледајте наназад. Не се оствари вашето заеднично патување? Големо чудо! Спакувајте ги куферите и отпатувајте со пријателка.

Рак

Фрлете од дома сè што ве потсеќа на него. Фрлете ги слатките кои тој сакаше да ги јаде додека гледа телевизија и посветете се на здрав животен стил. Не заборавајте и на сладоледот во замрзнувачот!

Лав

Не дозволувајте заминувањето на поранешната љубов да ве забуни и тоа да се гледа на вашето лице. Ставете малку појака шминка, и тоа нека светка.

Девица

Хранете се здраво и вежбајте за да имате постојан извор на енергија која толку ви е потреба. Исто така пробајте го новиот златен тренд – ставете малку златно на очите, а гардеробата освежете ја со златни аксесоари.

Вага

Не одбивајте ги пријателите кога ќе ве поканат на некој роденден или ќе ве викнат за излегување. Исто така посветете си еден цел ден само на себе. Одете во теретана, на базен, на масажа. Вакво нешто ви е потребно за релаксација и опуштање.

Скорпија

Време е за промени. Било да се работи за вашата долга права коса каква што вашиот бивш најмногу ви ја сакаше или фармерките во кои скиснавте затоа што обожаваше да ве гледа во нив. Сè што ве потсеќа на старите времиња – оставете го баш таму.

Стрелец

Престанете да фрлате пари на хартиени марамчиња и престанете да се измачувате себеси со прашањата од типот „зошто не му реков…“ . Запишете се на јога. Важно е да се мрднете од мртва точка.

Јарец

Доста е со тажните изрази на лицето. Купете си нова маскара, пробајте ново руменило.

Водолија

Време е да се вратите меѓу луѓето. Сигурно сте ги запоставиле пријателите додека бевте на седмо небо. Ако тие и понатаму ви останале наклонети, време е да им надоместите за пропуштеното.

Риби

Прославете го завршувањето на една љубов така што ќе си купите нова чанта во некоја јака боја. Запишете се на самба и ќе видите сами – веднаш ќе се вратите од мртвите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi