Дали знаевте дека Аткинсовата диета прави да се чувствувате поспани, а ќеса чипс добро ќе ве разбуди? Зошто храната делува различно на концентрацијата и будноста?
Ново истражување покажува дека Аткинсовата диета, богата со колбаси, сланина и други масни меса, прави да се чувствувате поспани во текот на денот. Ова сугерира дека и концентрацијата има поврзаност со храната која ја консумирате.
Научници од американскиот Penn State College of Medicin во Пенсилванија сватиле дека поголемиот внес на масти е поврзан со зголемување на поспаноста во текот на денот. Од друга страна, храната богата со јаглехидрати поттикнува будност.
Од тие причини луѓето кои јадат многу месо, но не и јаглехидрати имаат поголема шанса во текот на денот да се чувствуваат поспано.
Истражувањето покажало дека внесот на протеини нема никаква врска со концентрацијата.
Професорот по психијатрија Alexandros Vgontzas, од Penn State College of Medicine рекол дека зголемениот внес на маснотии има акутно спротивно дејство на будноста кај здравите луѓе. Претераната поспаност во текот на денот е раширена во модерниот свет и е сè почеста. Изгледа храната погата со маснотии ја намалува будноста.
Истражувањето вклучило група од 31 здрави возрасни луѓе кои не имале проблеми со сонот.