Хрват отишол во Дубаи на одмор – не ни сонувал дека ќе се врати со куп злато!

26 јануари, 20150
6

Еден среќен Хрват освоил фантастична добивка на наградно извлекување во Дубаи…

Неговото име е Дражен Маглов и освоил пет килограми злато во наградната игра во шопинг центар во склоп на фестивалот „Дубаи Шопинг Фестивал“, одржан на 16 јануари.

– Возев кога примив повик од Дубаи во кој ми јавуваат дека сум освоил пет килограми злато на „Дубаи Шопинг Фестивал“. Бев сигурен дека некој кој знае дека бев на одмор во Дубаи се обидува да ми подметне, но и кога сфатив дека во прашање е вистина се уште не можев да поверувам. Се уште самиот себеси се уверувам дека тоа е реалност – рекол Маглов кој веќе бил вратен во Хрватска кога било одржано извлекувањето.

„За само пет секунди мојот живот и животот на моето семејство се променија засекогаш. Водам мал дуќан во Хрватска и имам големо семејство за кое се грижам. Сега можам подобро да го испланирам животот. Благодарам Дубаи! Навистина тоа е град на златото – порачал тој.

Gold and Jewellery Mega Raffle, во кој Маглов го освоил златото, е најголемата наградна игра во која се промовира накит и злато, а купците кои во кој било дуќан ќе купат парче накит автоматски учествуваат во неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *