И јас продолжив со својот живот, а не само ти идиоту!

28 март, 20150
11

-Мила разбуди се. –тивко и шепна бакнувајќи ја во чело.

-Што е сега? – промрморе со зарипнат глас. –

Ќе дознаеш само ако станеш и за десет минути се појавиш во кујната за да го направиш доручекот.

-Аха само ти сонувај драги! – ги отвори очите и му упати насмевка. -Најдобра и најубава! Си знаеш и самиот. Ајде сега остави ме да поспијам уште десет минути.

После пола час убедување со самата себе успеа да стане од креветот,успеа во тоа. Претпоставуваше дека тој е лут, па ја намести најубавата насмевка на своето лице. Знаеше колку е слаб на неа. Се симна по скалите. И оп! Изненедување! Не можеше да им поверува на своите очи. На масата поставен највкусниот доручек, црвено вино и нејзиниот омилен десерт. Новогодишната елка и светилките ја правеа атмосферата уште поубава и поромантична. Во позадина се слуша “All I want for Christmas is you” . Очите и се насолзија.

-Со што го заслужив ова? – тивко го праша.

-Па ти си најубавата и најдобрата жена се сеќаваш? Таа сакаше овој момент да трае засекогаш. И ќе трае. Никогаш нема да исчезне од нејзините спомени.

Тој,таа,новогодишната елка и топлата соба. Што друго можеше да посака?

Три години подоцна
Прекрасно зимско утро. Се слушаат божиќни песни,а снегулките го играат својот танц. Се е толку убаво.Типична зимска идила. Збунета и со несредена коса се брза да не задоци на работа.Така брзајќи одеднаш нешто и го одзеде здивот. Не можеше да поверува дека го гледа него. Сега и овде. Во овој град. И тоа не сам. Со таа што успеа да разори се што имаше помеѓу нив. Со онаа што успеа да ја замени.

Не знаеше како да реагира. Во неа сега преовладуваше само бес и омраза. Ништо повеќе. Но,успеа да се смири. Тој и онака веќе три години не беше дел од нејзиниот живот. Немаше потреба од правење сцени и драми. Повеќе не и доликуваше на годините. Се сврте на другата страна,преправајќи се дека не ги познава. Вечерта додека се враќаше од работа сеуште размислуваше за таа средба. Зошто? Зошто баш сега?

Мислите ја вратија во она последно заедничко утро кое го имаа. Како и да сега тоа е само спомен. И онака само тоа и остана од него. А и Божиќ е време за простување така? Па еве му прости.
Ја отвори вратата од својот стан. Почувствува прекрасен мирис. Влезе внатре и слушна глас. – Црвено или бело вино за најубавата дама? Само се насмевна и во себе помисли.

“И јас продолжив со својот живот,а не само ти идиоту”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *