Исфрлам се што зафаќа незаслужено место во моето срце!

popara11 октомври, 20151min00
2

„Пред да почнете да играте, треба да ги научите правилата на игра. И тогаш да играте подобро од сите останати.“ рекол Ајнштајн. Само позитивното мислење не е доволно, потребно е и малку работа, но без позитивно мислење ќе ви биде тешко да поверувате во својот успех. Пријатна игра!

Кога не сакаш да направиш нешто, бараш причини, кога сакаш – начини! Со позитивно мислење начини има многу! :) лично искуство!

  • Само глупавите девојки даваат се од себе, за да бидат во рацете на оние кои ги повредуваат!
  • Црпам сили од болката и тагата и секогаш кога „умирам“ учам да живеам повторно…
  • Силните ја прифаќаат загубата со гордо дигната глава, само слабите покажуваат гнев!
  • Поверувај во она што го правиш и зборот невозможно ќе исчезне од твојот живот!
  • Живеј без да мразиш, мразат само слабите! Живеј без да лажеш, лажат само оние што се плашат! Сакај, зошто сакаат само големите!
  • Не губи го она што го имаш, за нешто што можеби не постои!
  • Не ми е страв од оние кои ме мразат! Ме плашат оние кои се прават дека ме сакаат!
  • Јас сакам! А штом сакам, можам!
  • Не греши само оној што не прави ништо. Но и да не се прави ништо е грешка!
  • Никој не може да се врати во минатото и да го смени својот старт. Но секој може да почне сега и да го смени своето финале!
  • Биди среќен без причина, како дете. Ако си среќен поради нешто, има проблем, зошто причината може да исчезне!
  • Тркалото на животот си врти! Така е за се во животот! Денес плачам јас…утре ТИ…!
  • Не очајувајте за ништо! И во најтешките мигови судбината секогаш остава една мала вратичка за излез!
  • Ако некој не те гледа во својата иднина, тогаш можеби е време да го оставиш во твоето минато!
  • Никогаш нема да го добиеме она што го сакаме, додека не сме благодарни за она што веќе го имаме!
  • Никогаш не се враќај во минатото – тоа е убиец на скапоценото време. Историите не се повторуваат. Луѓето не се менуваат. Никогаш не чекај никого. Оди само напред, без да се вртиш назад. Луѓето на кои си им навистина потребен…ќе те стигнат, ќе те најдат сами!
  • Биди себе си и секогаш кажувај го она што го мислиш, зошто оние кои имаат нешто против, не се важни, а оние, кои се важни, немаат ништо против!
  • Драги девојки! Се изморив постојано да ги слушам трите најчести прашања… Има ли сеуште вистински мажи? Каде се? Зошто секогаш налетувам на погрешниот? Одговори: Има вистински мажи! Тие отишле кај вистинските жени! Оние што наликуваат еден на друг, тие и се привлекуваат!
  • Ако простувате премногу често, луѓето навикнуваат да ве повредуваат!
  • Зарем луѓето кои ги бројат туѓите грешки се безгрешни?
  • Вљубен си…ако насмевката на една девојка те привлекува повеќе од голотијата на другите!
  • Ако тој е доволно глупав за да замине, ти биди доволно паметна да го пуштиш!
  • Љубовта е само за двајца, но се ќе се најде некоја курва што не знае да брои!
  • Исфрлам се што зафаќа незаслужено место во моето срце!
  • Она што тешко се постигнува, најсилно се сака…