Радикалната сунитска група Исламска држава во најнов видеозапис директно му се закани на американскиот претседател Барак Обама, јавува „Фокс њуз“.
– Обама, знај дека ќе дојдеме во САД. Ќе ти ја отсечеме главата во Белата куќа, а Америка ќе стане муслиманска провинција – се наведува во видеоснимката.
Исламските екстремисти, исто така, ѝ се заканија и на Европа.
– Ова е порака за Франција и за нејзината сестра Велика Британија: ќе дојдеме и до вас, со автомобил-бомби и со експлозиви – се заканија џихадистите.