Најубавиот телефон на светот?

28 јануари, 20150
19

Ретко се возбудуваме за концепт телефони, освен кога изгледаат волку убаво! Во јавноста се појави концепт изработен за можниот дизајн на HTC Hima, или попопуларно меѓу нас како HTC One M9…

Додека сите очекуваме да видиме што ќе направи HTC со новиот модел, веќе започнаа шпекулациите околу неговиот изглед и дизајн. Претходните два модели важеа за едни од најубавите на пазарот, со своето алуминиумско куќиште, одлично позиционирање на копчињата и феноменален дизајн.

Доколку веруваме на овој концепт, новиот модел повторно би се нашол на самиот врв според дизајнот. Добиваме тенко метално куќиште со екран кој се простира до самите граници на уредот, а од предната страна не очекуваат и два стерео звучници.

На задната страна повторно имаме алуминиумско куќиште, овојпат надополнето со камера со троен LED блиц (не знаеме дали ова ќе биде корисно во пракса). Се на се, телефонот навистина изгледа како да е изработен од HTC…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi