Од денес, официјално може да ја симнете 9.2 верзијата на iOS на вашиот iPhone, iPad или iPhone. Да погледнеме кои се подобрувањата…
Една од најважните новости е што се поправени голем број на багови, меѓу кои и гасењето на алармот без да се извести корисникот. Со тоа, голем број на iPhone сопственици се појавуваа подоцна на работа. Покрај ова, добивате и нови контроли во одредени апликации, како на пример Apple Music.
Огромен новитет е можноста да ги синхронизирате сите ваши фотографии од дигиталниот апарат директно на вашиот iOS уред, без претходно да ги префрлите на компјутер. Siri сега може правилно да пребарува низ вашите контакти, наместо да појавува празни резултати како во претходните верзии.
Апдејтот е веќе достапен за симнување преку iTunes или директно преку Wi-Fi на вашиот уред.