Што е она што ги разликува исклучително богатите луѓе од просечните?

11 декември, 20150
18

Тоа што ги разликува исклучително богатите луѓе од просечните лежи во менталниот склоп. Богатите луѓе најчесто размислуваат поинаку, се однесуваат и одбираат поинаку од вас…

Во делото “Тајните на умот на милионерите“, авторот Т. Харв Екер oткрива дека постои само една на прв поглед безопасна навика која ја имаат “обичните“ луѓе, а од која богатите се ежат, а тоа е дека сакаат да се жалат.

– Да се приговара за се е сигурно најлошата работа која можете да му ја направите на вашето богатство – пишува Екер.

Тој имено тврди дека приговарањето не наведува да се фокусираме на тоа што не е добро во нашите животи, наместо времето да го користиме да се концентрираме на она што може да успее и дека всушност позитивните работи привлекуваат позитивни резултати.

– Кого постојано се жалите, тоа е исто како да ги повикувате негативните работи во вашиот живот, смета тој, а уште нешто што влијае на нашиот финансиски успех е опкружувањето, поточно – пријателството и врските кои ги имаме.

Стив Сиеболд, кој интервјуирал повеќе од 1 200 богаташи, заклучил дека богатите се далеку повнимателни во изборот на луѓето со кои се дружат и дека тие избори имаат влијание врз нивното богатство.

Екер има сличен поглед кога зборува за негативната енергија која ја привлекуваме кога се жалиме, бидејќи не можеме да останеме позитивни доколку сме опкружени со луѓе кои постојано се жалат и на кои “се им е тешко“.

Исто така, со време се навикнувате на тој начин на размислување и лесно може да се фатите како и самите чекате на вашиот ред за да почнете со своите приговори за сопствениот живот.

– Тоа е кругот во кој лесно се влегува, заклучува Екер и ни порачува дека доколку ни треба финансиски пресврт и сакаме да напредуваме, треба веднаш да прекинеме да се жалиме.

– Морате да ги одбирате своите мисли и зборови и постојано спомнувајте си дека самите го креирате вашиот живот, смета Екер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber