Погледнете го првиот тизер за новиот Тарзан

11 декември, 20150
16

Првите фотографии од The Legend of Tarzan, најновата адаптација на култниот лик од џунглата се објавени заедно со првиот тизер.

Во главната улога на Тарзан ќе го видиме шведскиот актер Александар Скарсгард, кого публиката најдобро го препознава по серијата True Blood, а во улогата на Џејн Портер ќе ја видиме Марго Роби, актерката која го имаше својот пробив во Холивуд со филмот The Wolf Of Wall Street.

Покрај нив во актерската екипа на The Legend of Tarzan се и Самуел Л. Џексон, двојниот оскаровец Кристоф Валц, Џон Хрт, Џајмон Хунсоу и Ела Пурнел.

The Legend of Tarzan филмот во режија на Дејвид Јејтс ќе ги следи авантурите на Тарзан од Лондон назад во џунглата во Конго. Таму треба да го сопре алчниот индустријалец Леон Ром (Валц) во уништувањето на џунглата, но тоа нема да биде лесна задача.

Премиерата на The Legend of Tarzan е закажана за 1-ви јули следната година, а ова е првиот тизер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş