Одамна е познато дека метаболизмот и губењето на вишокот килограми може да се постигне доколку се почитуваат одредени правила поврзани со типот на крвната група.
Како функционира оваа диета?
Метаболизмот всушност е хемиска реакција која се одвива помеѓу крвта и внесената храна. Оттука, доколку се совпаѓаат доаѓа до забрзување на метаболизмот, а со тоа и губење на вишокот килограми.
Исто така се вели дека исхраната според крвната група оневозможува појава на многу болести кај човекот. Ова се вели во студијата на нутриционистот, д-р D’ Adamo.
Што ќе јадете, кои вежби се соодветни за вас, зависи од вашата крвна група.
Нулта крвна група.
Крвната група нулта е најстара крвна група. Од тие причини се вели дека луѓето со нулта крвна група имаат бавен метаболизам. Најголема полза ќе имате ако јадете жилаво месо, риба и пилешко. Се препорачува да избегнувате житни култури, зрнеста храна како ориз или грав и леб. Вашиот организам може да поднесе многу енергични вежби.
А крвна група.
Луѓето што имаат крвна група А треба да уживаат во зеленчукот и во овошјето. Месото и не им е толку потребно. Секакви вегетаријански специјалитети на база на соја се добредојдени. Вашиот организам има потреба и од житни култури, затоа за појадок јадете ги со јогурт. За вас се препорачуваат нежни вежби за истегнување, на пример пилатес.
Б крвна група.
Овде станува збор за мошне издржлив и брз метаболизам. Слободно можете да консумирате млеко, млечни производи и месо. Но, се препорачува да избегнувате житни растенија, леб, леќа. Секаков спорт е дозволен сe додека сте умерени со вежбите.
АБ крвна група.
Оваа крвна група се нарекува уште и модерна бидејќи е најмлада од сите типови. Луѓето со крвна група АБ имаат сензитивен дигестивен систем. Затоа им се препорачува да избегнуваат тешко сварлива храна како пилешко, говедско, свинско. Може да уживаат во морска храна, млеко од соја и млечни производи. Најмногу им одговараат вежби за смирување и релаксација, како јога и медитација.
Сe уште не постои потврда за вистинитоста на ова тврдење. Не велиме дека нема некоја поврзаност меѓу крвта и храната, особено кога станува збор за тоа што повеќе ? е потребно на одредена група. Но, на крајот сепак се сведува дека и ова е само диета. Немаме доволно научни докази за некому да забраниме да не јаде лубеница лете.