Исповед на елитна проститутка: Макрото ме тепаше бидејќи не сакав да спијам со тројца

popara29 април, 20151min00
2

Во ова влегов пред пет години бидејќи ми беа потребни пари. Михајло го запознав во клубот во кој работев како танчарка. Беше фин и слаткоречив, а изгледаше како добар човек. Ми ветуваше сè, тврдеше дека ќе бидам максимално заштитена.

elitna-prostitutka500

Вака ја започнала својата приказна за српски Курир една од проститутките во Белград која до неодамна работела за уапсениот Михајло Максимовиќ.

Но оттогаш за неа започнал вистински пекол. Нејзиниот макро Михајло три години ја малтретирал и уценувал.

-Михајло го запознав во 2008-та година во еден ноќен клуб, и кога почнав да работам за него преживеав пекол. Ми ветуваше кули и градови, а кога му кажав дека ја напуштам проституцијата морав да му исплатам 20.000 евра, ијаваила Тамара која за Михајло Максимовиќ работела три години.

Максимовиќ неодамна беше уапсен и се наоѓа под истрага поради сомнение дека организирал мрежа од десеттина девојки, меѓу кои била и уапсената старлета Милица Живановиќ, позната како Мими Оро.

makroto500

– Ми покажа фотографии од проститутките кои работат за него…Сите беа убави и делуваа задоволни. Ја прифатив понудата. Тој договараше со кого ќе се гледам. Во една вечер требаше да спијам со еден маж, но некогаш се случуваше тоа да бидат и тројца, се потсетува девојката.

Тамара објаснила дека договорот бил да ги задоволува клиентите по договорена цена.

– Меѓутоа, тие сакаа и орално, ме малтретираа, се изживуваа, а кога ќе минеше договореното време не ме пуштаа да си одам. Ме удираа бидејќи сакаа уште. Се жалев кај Михајло, кој не ме заштити, напротив или ме тепаше, или ми даваше пари, ја завршила Тамара својата несреќна приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma