Исповеди од луѓе што биле изневерени кои ќе ве шокираат

29 мај, 20150
23
Ако некогаш сте биле изневерени, знаете дека откривањето на аферата од партнерот со друга личност погодува како силен удар во стомакот. Не е важно дали сте сигурни околу идентитетот на личноста со која сте заменети, ништо не може да ве шокира како сознанието за неверство.

Таквото чувство може да биде универзално, но деталите кои сугерираат за неверството варираат од личност до личност. Мажи и жени кои биле изневерени, споделиле со екипата на Reddit како тие дознале дека партнерите им биле неверни.

Ѝ кажала љубовницата

„Неговата љубовница ми кажа на венчавката од еден наш заеднички пријател. Добро се држев додека не си заминавме од прославата. Не сакав да им го дадат задоволството да ме видат како лудачка која некому му го уништува посебниот ден.“


Телефонската сметка открила сè

„Сметката за телефон беше трократно поголема отколку обично. Имаше преку 400 минути упатени кон тој број. Ударот следеше кога дознав дека таа поседува посебна сметка со неограничени повици, во која никогаш не бев упатен. Тој човек беше некој со кого работела. Таа буквално сакаше да дознаам, очигледно сакала да ми наговести, но немала храброст тоа да ми го каже в лице.“

„Луѓе кои можеби ги познаваш“ на Фејсбук ја понудиле

„Имала неколку свои профили на социјалната мрежа под други имиња. Додека бев на својот профил, во аголот видов дека ми е понуден профил на жена која изгледа исто како мојата девојка. Погледнав убаво и имав што да видам. Таа беше во активна врска со некој друг.“


Го фатила на дело

„Дојдов порано дома и налетав на нив. Да, тоа е клише, но така беше. Смешната работа беше тоа што јас сакав отворена врска, но тој ми велеше дека не би можел да поднесе такво нешто. Се испостави дека само бил себичен.“

Дознал дека преноќила кај директорот

„Тоа беше ноќ кога нејзината фирма организираше прослава. Морав да останам дома и да го чувам нашиот петгодишен син. Се шокирав кога ноќта видов дека мојата сопруга ја нема. ’Планирала таа ноќ да преспие во хотел за да не мора пијана да се враќа дома со автомобил’. Се разбудив во три часот наутро со чувство дека нешто не е во ред. Ја уклучив апликацијата „Најди го телефонот“ и ја најдов мојата сопруга кај директорот дома.


Примила анонимно писмо

„Добив анонимен меил од колеџ на кој никогаш не сум била. Чудно? Во тој меил најдов податоци за целата историја на допишување измеѓу мојот сопруг и неговата поранешна сопруга. Повторно биле заљубени. Како шлаг на тортата, бев во седмиот месец од бременоста.

Примила порака од неговата љубовница

„Неговата љубовница ми испрати порака дека веќе не сака да има афера со него. Прекинав со него така што му испратив порака ’Како се чувствуваш откако две жени те оставија во исти ден?’“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi