Ја нарекувале изрод, а сега таа и без коса и со три заба во устата, заработува милиони!

15 март, 20150
3

Мелани Гајдос боледува од ретко генетско пореметување, но таа успеала да се избори со целото малтретирање и навредите на своите врсници и да стане успешен модел.

Мелани Гајдос (26) е вистински пример дека човек никогаш не треба да се откажува, бидејќи таа, иако боледува од една навистина ретка болест која предизвикува деформитет на косата, забите и ноктите, успеа да стане една од најбараните светски манекенки, а тоа за неа беше и најдобар начин за да им се освети на сите бездушници кои додека растела ја нарекувале дури и чудовиште.

Иако сите шанси биле против неа, Мелани која боледува од ектодермална дисплазија, успеала да ги преживее сите искушенија и да се избори со згрозувањето на околината и малтретирањето на своите врсници.

– Додека одев на училиште бев константно навредувана. Сите се шегуваа на моја сметка и ме нарекуваа изрод. Бев толку депресивна што секојдневно размислував за самоубиство. Бев убедена дека нема да го доживеам 18-тиот роденден. Со моделство започнав да се занимавам за да се запознаам себе си подобро и никогаш не ни помислив дека тоа може да прерасне во моја професија, изјавила Мелани која додава дека поради болеста има и многу мали пори на кожата поради што речиси и да нема влакна, како и тоа дека моментално има само три млечни заба, но дека и тие веќе започнале да трулат.

Сепак, Мелани Гајдос денес е навистина популарна и барана манекенка, заработува голема сума на пари, а во меѓувреме стана и актерка.

Секоја чест!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi