Ја навредувале поради тежината, па поради грдите зборови, а најмногу поради себе, одлучила да ослабне

Британската ријалити ѕвезда, 22-годишната Холи Хаган, имала 20 килограми вишок, па поради својот изглед предизвикувала негативни коментари на Твитер. Малку поради грдите зборови, а најмногу поради себе, одлучила да ослабне.
– Не можам да речам дека ги изгубив вишокот килограми исклучиво поради Твитер, но 90 отсто од коментарите кои ги добивав на таа мрежа беа за тоа колку сум дебела и грда. Тогаш ме вознемири тоа и ме инспирираше да ослабнам. Одлучив да се потрудам и да бидам поздрава затоа што во тоа време не можев ни да се искачам по скали – раскажува Холи.
Нејзиното „патување до вита линија“ траело четири години, а сега им се заблагодарува на оние кои ја навредувале, но им препорачува на личностите кои имаат проблем со вишок на килограми да не се грижат премногу поради негативните коментари и да не им се тие пресудни во одлуката за слабеење.
Во ријалити шоуто „Gеordie Shore” учествувала со Вики Патинсон и Шарлот Козби, кои исто така успеале да дојдат до вита линија. Кога започнало емитувањето на шоуто таа имала 18 години, а здравиот начин на живот бил решение за се.
Во споменатата емисија таа била најдебелата учесничка, најтешко и било да се откаже од алкохолот, а нејзиното момче Кајл Кристи и помагал во тоа.
Холи сега ја промовира колекцијата „Protein World Weight Loss Collectione“ и со својата приказна инспирира многу други луѓе да дојдат до саканата цел.
Вака изгледала претходно: