Славната раперка Ники Минаж гостувала во шоуто „Watch What Happens Live” на Енди Кохен, а водителот ја прашувал интересни прашања. Едно од нив било – ако си ти слободна и ако е Дрејкслободен, дали би спиела со него?
„Не“ одговорила Ники без многу размислување. „Го сакаш на поинакво начин?“, ја прашал водителот, а раперката одговорила потврдно.
Ники соработуваше со музичката дива Бијонсе на ремиксот за песната „Flawless”, а водителот сакал да знае дали таа знае нешто повеќе за расправијата која се одиграла во лифт измеѓу Џеј Зи и сестрата на Бијонсе, Соланж. „Секако дека не знам ништо повеќе за таа случка од вас, а и да знам, не би ви кажала“, одговорила раперката.
Во своите песни, Ники ги опеваше големите задници и големите пениси, па водителот го интересирало кој важи за сопственик на најголемиот пенис во музичката индустрија. „Всушност, никогаш не сум видела нечиј пенис. Десет години гледав еден ист (мислејќи на поранешното момче Сафари Семјуелс). Тоа е се` што можам да кажам“, одговорила раперката без влакна на јазикот и открила дека за двајца колеги мисли дека се големи се***вци, но не сакала да ги каже нивните имиња, пренесува „Е! Online”.