Најдобрата просидба на светот!

19 јануари, 20150
Најдобрата просидба на светот!

Како да не било доволно што нејзиното момче ја запросило, подоцна и обајцата останале шокирани кога целосно непланирано се појавил Боно од групата U2 и им го разубавил денот.

30-годишниот Клиф Хенри внимателно испланирал како да ја запроси својата девојка од средно училиште, Фиона Хехир, за време на излетот на Клини Хил во Даблин.

Клиф организирал на брдото да ги чека бендот Keywest кој ја извел нивната омилена песна „Raglan Hill” кога стигнале до врвот.

Шокираната Фиона била воодушевена и збунета кога го видела својот омилен бенд, а потоа и шокирана кога по завршувањето на песната, Клиф клекнал на едно колено и ја запросил. Колку навистина се изненадила, сведочи и фактот што Клиф морал неколку пати да го постави прашањето пред таа да каже ‘да’.

01-prosidba-bono-u2-534

Како и ова да не било доволно, следело уште едно непланирано изненадување за овој пар. Тие случајно налетале на пејачот од групата U2, 56-годишниот Боно кој со сопругата тој ден се шетал на оваа интересна локација.

-Немој да го правиш тоа, ние го знаеме, ти сега го запознаваш. Ова е интервенција, се пошегувал Боно – Ако баш морате, знајте дека бракот е активно лудило. Тоа ти е како да скокнеш од ова брдо и да сфатиш дека всушност знаеш да леташ.

Бидејќи видеото од нивната просидба стана популарно на социјалните мрежи, Фиона вели дека би сакала да го повторува тој момент „одново и одново”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi