Како да направите босански сомун

11 ноември, 20150
7

Сомуните имаат повеќе називи. Било да ги нарекувате лепињи, сомуни, погачи – сите знаете на што мислите.

Радио Сарајево пренесе како се прави оригинален босански сомун.

СОСТОЈКИ:

– 1 килограм брашно

– 10 гр квасец

– 1 супена лажица шеќер

– 1 мала лажица сол

– 700 мл студена вода

Во еден сад ставете сол, шеќер, квасец и малку вода и оставете смесата да нарасне. Претресете го тоа во садот со брашно и студена вода, па измешајте. Оставете го тестото да отстои еден час.

Од тестото направете седум или осум топчиња. Секое развлечете го од 20 до 30 сантиметри, а доколку тестото се лепи за прсти, ставете малку брашно. Земете некоја дрвена или метална шипка со која ќе го „прошарате“ тестото, односно ќе го притиската додека направите мрежа.

Рерната добро загрејте ја, па потоа ставете ги сомуните да се печат.

Сараевските сомини дефинитивно се единствени по својот вкус и изглед. Можете да ги јадете со сите јадења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş