Како да се вработите во Норвешка?

17 декември, 20150
7

Дванаесет години со ред, иста земја важи за држава во која најдобро се живее, според рангирањето на Меѓународната организација за одржување мир и сигурност во светот. Оваа титула и оваа година замина во рацете на Норвешка.

Критериумите за оваа титула се долг и здрав живот на населението. Освен тоа критериум е и пристојниот животен стандард и нормален пристап до образование.

Норвешка и седум години по ред е избрана за најпросперитетна земја на светот. Просечниот век на живот на населението во оваа земја е до 81 година.

Најбогатата (и најскапата) земја во светот е мамка за многу невработени луѓе кои се присилени да заминат од своите земји.

Иако не е лесно да се најде работа, Норвешката агенција за вработување на нејзината веб страна, на англиски јазик, ги советува странците како можат да се обидат. Освен што ќе им биде потребна многу упорност и среќа, при барањето на работа ќе мораат да го знаат и норвешкиот јазик.

1. Интернет

Како што пишува агенцијата, отворени работни места можете да пронајдете и на англиски јазик. Освен официјалната страна на Агенцијата за вработување, работа може да се пронајде и на страната EURES. Освен тоа, многу норвешки компании објавуваат огласи за работа на сопствените веб страни. За да ги пронајдете нивните веб страни, потребно е да одите на онлајн Жолтите страници. Работа може да се најде и на страната Finn.no.

2. Медиуми

Отворени работни места се рекламираат и на норвешките медиуми. Најголемиот весник кои ги објавува работните места е „Aftenposten“. Списокот од норвешки весници можете да го пронајдете ТУКА.

3. Приватни агенции

Приватните агенции во Норвешка обично се специјализирани за одредена индустрија и професија. Како и веб страната на компанијата, така и приватните агенции пронаоѓаат работа токму во онлајн изданието на Жолтите страници.

4. Отворена молба

Норвешка, има неформален пазар на слободни работни места кои не се никаде рекламирани. Единствен начинн за вакво отворено работно место е преку отворени молби. Од Агенцијата за вработување советуваат, после испраќањето на молбата, да се јавите и да кажете дека сте испратиле молба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi