Како го пронајдов рецептот за среќа откако го допрев дното?!

8 август, 20150
8

На своето патување до среќата, поминав долги години барајќи излез од депресијата. Буквално го допрев дното и кога веќе бев подготвена да се откажам, се случи чудо…

Мојот внатрешен глас ми рече „Следи го твоето срце”. Тогаш ми стана јасно дека не можам преку ноќ да ја пронајдам својата страст, ниту смислата за живот, па тогаш конечно станав среќна и задоволна.

Знаев дека сум среќна…

1. Кога се ослободив од очекувањата

Сфатив дека никогаш не е доцна да почнете од почеток. Ако факултетот не ве прави среќни, запишете некој друг или почнете да работите нешто што го сакате. Заборавете на нормите, бидејќи некои правила вредат да бидат прекршени, особено ако не ве прават задоволни.

2. Кога престанав да се фокусирам на тоа како ми изгледа животот, туку на тоа какво чувство ми дава

До сега бев опседната со својот изглед, држев разни диети и целиот мој свет се вртеше околу губењето на килограми, а на крајот од денот се чувствував незадоволно и лошо. Сега сум фокусирана на тоа како се чувствувам и токму моите чувства ми станаа водич за вистинско внатрешно богатство.

3. Кога станав пријател со моите родители

На крајот од денот, единственaтa важнa работа во животот е љубовта. Сфатив дека е многу позабавно кога можеш да бидеш пријател со своите родители.
4. Кога почнав да го работам она што го сакам и да живеам од истото

Не беше лесно од добрата плата да се навикнам на ниски примања, но гледано на долги патеки – се исплатеше. Сега не само што заработувам онолку колку што ми е потребно, туку сум и среќна заради тоа што го правам.

5. Кога почнав да инвестирам во себе

Никогаш немојте да се плашите да вложувате во своите сништа. Запишав курсеви кои ме интересираа, пробав нови активности и така ги открив вистинските желби на моето срце.

6. Кога престанав да ги мешам минатото и иднината

Најголемата промена ми се случи кога грешките од минатото престанав да ги сметам за грешки. Наместо тоа, сфатив дека минатото го надминав и си простив себе, па само така успеав да созреам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi