Како хороскопските знаци го поднесуваат крајот на врската

21 јануари, 20150
1

Секој од нас различно го поднесува крајот на врската. Некој поминува денови, месеци па и години обидувајќи се да застане на нозе, а некој лесно заборава и продолжува напред. Дознајте како реагира секој хороскопски знак:

Овен

Тие се луѓе од акција, не стојат мирно додека не го најдат она што им прилега. Кога ќе почувствуваат дека врската не ги исполнува доволно, дека партнерот не им го пружа она што им треба ставаат карј. Иако изгледаат како силни и издржливи, тие се многу емотивни и крајот на врската ги уништува. Но, секогаш успешно го сокриваат тоа.

Бик

Тие се позитивни и друштвени. Во љубовта го наоѓаат мирот. Никогаш не започнуваат врска со некој кој им е непознат. Врската за една ноќ за нив е непознат поим. Во врската се вложуваат целосно. Но, ако дојде до проблем во врската тие се трудат со сите сили да ја задржат. Ќе направат се за да ја спасат. Ако врската не успее, тие се повлекуваат во себе. Не досаѓаат и не го пратат поранешниот партнер. Болката кај биковите минува многу споро.

Близнаци

Тие се во непрекината потрага по совршеното. Лесно се вљубуваат и лесно забораваат. Во врската знаат да направат возбуда, случувања, да ја распалат страста, но и во исто време да гледаат на страна за нешто подобро. По прекинот на врската не им треба многу време за да започнат нов живот.

Рак

Раковите се емотивни по природа. Семејството, бракот, врските им се прибежиште од секојдневните проблеми. Тие се големи сонувачи и сакаат да го остварат сонот. Во врските се отворени, разговараат, слушаат, даваат љубов. Страста многу брзо ја заменуваат со љубов. Кога ќе дојде до крај на врската за нив светот е срушен. Не се борат кога ќе го видат крајот. Се повлекуваат во себе и патат.

Лав

Лавовите се доминантни, своеглави и со силен карактер. Способни се да го добијат оној кој ќе го посакаат. Додека трае страста тие можат да направат се. Но, многу брзо го губат интересот. Кога ќе се оладат ќе направат се за да се прекине врската. Арогантни и заљубени во себе не размислуваат кога ја прекинуваат врската како му е на другиот.

Девица

Тие се ладни и недостижни. Никогаш не прават нешто за да освојат, тие секогаш оставаат некој да се намачи за нив. Играат тактички. Перфекционисти во се па и во љубовта. Од партнерот очекуваат да го прави истото. Додека трае љубовта не очекувајте многу драма, романтичност и страст. Кога ќе заврши љубовта се однесуваат како ништо да не се случило. Ладни се пред партнерот кој може на колена да ги моли.

Вага

Тие се комплексни личности на кои не им е проблем да ве прифатат со сите маани и доблести. Тие се стабилни личности, па такви се и во врската. Љубовта за нив е света работа. Но, тие имаат проблем со љубомората. Од тој проблем произлегуваат многу други кои се кобни за врската. Кога ќе дојде крај на врската се обидуваат да ја спасат, со разговор пред се. Кога ќе сфатат дека нема заедничка иднина ништо не може да ги врати назад.

Шкорпија

Шармантни, сексипилни, полни со себе. Лесно е да забележите шкорпија и тие се свесни за тоа. Не трпат глупост и подмуклост. Директни се и јасни. Во врската претпочитаат многу страст. Кога тоа ќе го нема тие бегаат. Неможе никој и ништо да ги врати назад. Склони се кон правење сцени и драми кога е крајот на врската.

Стрелец

Слободни и сигурни во себе, одлично функционираат кога се сами. Но, кога ќе се заљубат од нив може да очекувате сигурност на долги стази. Не бараат многу од партнерот. Но кога станува збор за љубомора тие се непопусливи. Не дозволуваат некој да го скроти нивниот слободен дух. Ако ја осетат љубомората се повлекуваат во својот свет.

Јарец

Тие се упорни во остварувањето на зацртаните цели. Стабилни се и со традиционални вредности. Во врската се прилично инертни, не бараат многу, но не ни даваат многу. Не сакаат да губат, едноставно не го прифаќаат тоа. Тешко е да ставите крај на врска со јарец.

Водолија

Како пријатели се прекрасни луѓе, секогаш тука да ви помогнат. Но, кога станува збор за врските тие се прилично затворени и крути. Тешко е од нив да слушнете убав збор. Но, кога ќе ја почувствуваат љубовта во себе спремни се се да направат. Се борат до последната сила. Емотивни се и тешко забораваат. Тие може до староста да жалат за некој од минатото.

Риби

Тие во себе носат универзален космички свет. Сакаат кога покрај себе имаат силен партнер. Чувствителни се и во врската и по неа. Емотивни се но никогаш нема да ви го покажат тоа. Воздржани го прифаќаат крајот, но никогаш не забораваат. За нив важи правилото дека еднаш се сака во животот. Затоа и никогаш нема да ја заборават својата најголема љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi