Како побрзо да ми расте косата?

popara4 јануари, 20151min00
44

Сакате да имате убава, долга коса? Повеќето жени сакаат, но голем број од нив ја немаат таа среќа.

Разните серуми и шампони кои можете да ги најдете на пазарот, можат да бидат решение за вашите проблеми, но хемикалиите кои ги содржат можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист на вашата коса. Значи, наједноставно решение е да користите некои природни третмани. Тие ќе го зголемат растот на вашата коса и ќе го подобрат нејзиниот квалитет. Еве неколку билки кои ќе го подобрат растот на вашата коса.

Рузмарин

Тој е чудотворна билка за вашата коса. Рузмаринот ја прави косата сјајна, се бори против првутот и губење на косата. Сварете листови од рузмарин во обична вода околу 10 минути. Почекајте да се излади. Фрлете ги листовите и ставете ја течноста на целата коса. Потоа измијте ја со ладна вода.

Камилица

Оваа билка има убав мирис и многу лековити својства. Камилицата може да се користи како сретство после миење на косата. Исто така помага и ве ослободува од чешањето.

Коприва

Ставете во тегла свежи листови од коприва и маслиново масло. Теглата нека стои на ладно и темно место околу 2-3 недели. Користете го ова масло за масажа на темето. Тоа го поттикнува растот на косата.