Како се менува телото при редовен џогинг?

popara3 октомври, 20151min00
9

Со малку желба и упорност со помош на редовен џогинг можете да обезбедите многу ползи за вашиот организам. Секако не треба да очекувате резултатите да се појават веднаш, но нема да е потребно да чекате многу долго.

Здраво срце – трчањето е одличен кардио тренинг. Ако трчате редовно можете да очекувате срцето да ви стане посилно и поздраво.

Здрави бели дробови – кога ќе почнете да трчате редовно вашите бели дробови ќе се обидуваат да ве снабдат со неопходната доза кислород. После извесно време ќе забележите дека дишењето станува полесно и не се задишувате многу. Односно капацитетот на дробовите се зголемил.

Убави листови – трчањето на природен начин ја моделира убавата форма на листовите. Нозете ќе ви бидат стегнати и подеднакво убави.

Стегнат стомак – ова е зоната каде ќе ја забележите најпрво промената ако тренирате редовно.

Стегнат задник – паралелно со мускулатурата на нозете и стомакот, трчањето ја затегнува и дефинира мускулатурата на задникот. Немате потреба од дополнителни вежби за убаво обликуван задник, доволно е само редовно да трчате.

Ослободува напнатост – трчањето е одличен начин за ослободување од стрес и за редуцирање на симптомите на депресија.

Трчањето е најдостапен и најефтин тренинг, а истовремено ја подобрува функцијата на сите системи во организмот и стега многу зони. Се разбира не треба да се заборава дека со трчање се трошат и многу калории. Тоа е факт што треба да ве мотивира дополнително.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag