Кендал доминира и на црвениот килим!

26 ноември, 20150
11

Погледнете го прекрасниот аутфит во кој музата на Шанел се појави на доделувањето на музичките АМА (American music awards) награди.

Домаќинка на настанот беше Џенифер Лопез која се пресоблече дури 10 пати во текот на церемонијата, а најмногу внимание привлече со долгиот фустан со провиден тил опшиен со црн, светол вез и со потписот на Зухаир Мурад, Но, и покрај прекрасните комбинации на латино дивата, надвор од бината во центарот на вниманието беше оваа прекрасна девојка.

Кендал доминираше на црвениот килим облечена во мал црн фустан со отворен грб во кој изгледаше фантастично. Сепак, за моќниот впечаток покрај фустанот беше заслужен и нејзиниот извонреден beauty look.

Кендал (20) на настанот се појави со нејзината помала сестра Кајли Џенер (18) која кога е стилот во прашање, се почесто ја копира нивната постара полусестра Ким Кардашијан.  Манекенката на црвениот килим блескаше во провокативниот фустан од Oriett Domenech и стејтмент сандали со високи потпетици, но и со прекрасната високо подигната пунџа со шишки ремек-дело на познатиот фризер Етиен Ортега.

Кендал со оваа комбинација покажа дека многу лесно може да доминира и на црвениот килим, како што тоа го прави и кога се опуштените street style комбинации во прашање, па дури и кога носи кежаул парчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber