
Имено, актерката од серијата “Сексот и градот” требало да ја игра главната улога во претставата “Линда”, за жената која има амбициозен план да го спаси светот. Меѓутоа, поради тешка болест, која не сакала да ја открие пред јавноста, Ким е принудена да престане да се занимава со глума.
“Со голема тага јавувам дека морам да ги стопирам сите проекти. Благодарна сум му на театарот на разбирањето поради тешката здравствена состојба во која се наоѓам”, вели 59-годишната Ким Катрал.
Засега не е познато какви здравствени проблеми се во прашање, но се претпоставува дека станува збор за нешто сериозно, кога Ким, која е позната како голем професионалец, морала да се повлече.
“На сите ни е жал што Ким нема да може да биде дел од претставата”, соопштила директорката на театарот “Royal Court” во Челси, Вики Федерстон.