
Конвенционалните способности на Кина постојано се подобруваат. Но, Пекинг исто така сега има нешто што би можело да се смета за врвно воено сретство за зголемување на нивните суперсили – способност за да се испорача нуклеарна боева глава речиси насекаде на планетата Земја.
Годишното известување на Пентагон до Конгресот за состојбата на кинеската војска е првично фокусиран на воената модернизација, можната инвазија на Тајван, напредокот во вселенската технологија и забрзаниот развој на оружјата со далечен домет.

Кина веќе некое извесно време јасно се претвора во воена супер сила – способна да упати нуклеарна боева глава буквално во било кој дел на светот, пишува Business Insider.
Се проценува дека Пекинг поседува 50 до 60 интерконтинентални ракети (ICBM) кои се распоредени низ сите делови на земјата.

Освен нив, Кина има и нуклеарни проектили од типовите DF-31, CSS-3 и CSS-5 кои се наменети за заплашување на блиски воени сили, како што би биле на пример Русија и Индија.
Освен ова, Кина има и четири нуклеарни подморници, а петтата е во тек на изградба.
Развојот на нуклеарното вооружување во Кина е поттикнат и со напредокот на тоа подрачје и кај двата стратешки ривали – Русија и Индија.
