Кога ќе го прочитате ова, повеќе нема да јадете леб!

popara2 февруари, 20151min00
6

Умеете ли да замесите вистински домашен леб? Доколку не знаете, можеби е вистинско време да научите. Тоа ви го кажуваме за да ви стане појасно кога ќе дознаете какви хемикалии содржи лебот што го купувате.
Верувале или не, само третина од лебот од пекарите или маркетите во себе не содржат пестициди или некои други штетни материи! И што е уште полошо, пред само десетина години, лебот бил барем двојно поквалитетен од денешниот.
Најновото британско истражување покажало дека 63% од примероците содржат барем еден пестицид, додека пак, во 17% има две или повеќе хемикалии. Споредено со резултатите од 2000-та година, вредноста на овие отровни материи двојно се зголемил!
Што е уште полошо, овие резултати се валидни дури и за производите кои се означени како “органска” храна. Експертите сметаат дека контаминацијата со пестициди е зголемена бидејќи не се почитуваат постапките на органско одгледување житарици, но постои и можност дека пренесувањето на токсините се случува и при складирање на житните производи, брашно или при самото подготвување на лебот.
Претходните истражувања потврдиле дека дури и мала количина на пестициди, доколку се внесуваат во организмот секојдневно, можат да влијаат на нашето здравје.
Група на научници од Оксфорд универзитетот препорачуваат да се избегнува конзумирање на леб или да се ограничи неговото користење.
Сепак, здруженијата на пекари сметаат дека оваа приказна е нереална и е во интерес да се зголеми продажбата на т.н. органски производи, кои се неколку пати поскапи од регуларните.
Што од ова е вистина, односно дали лебот направен од неоргански житарици е безбеден, останува да одлучиме сами. Во меѓувреме, ви препорачуваме од својата мајка или баба да земете рецепт и научите да правите домашен леб, за секој случај!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma