Кога лажат хороскопските знаци?

15 јануари, 20150
13

Овенот лаже, за да избегне некоја непријатна ситуација. Ова важи за моменти во кои е принуден да направи нешто што не сака – тогаш си измислува некое оправдување.

За Бикот лагата е уметност. Тој плете пајажина од лаги, за да ги предизвика посакуваните емоции кај слушателите. Многу често Бикот лаже, за да откаже некоја услуга која ја ветил на пријател.

Близнаците лажат многу, но ако ги прашате нив, тоа е само нивната омилена игра. Близнаците се виртуози за лажење од рана возраст.

Раковите не сакаат да лажат. Тие прибегнуваат кон лага, само ако треба да ги поштедат чувствата на блиските. За претставниците на овој знак е карактеристично е да го излажат детето дека кучето има нов сопственик, наместо да им кажат дека умрело од старост.

Лавовите лажат царски, со голем замав. Тие го паметат секој детал на својата лага и ретко може некој да ги открие. Лавовите лажат за да ги сокријат емоциите.

Девиците лажат од време на време, но не многу убедливо. Тие се загрижени од тоа што го лажат, се вцрвенуваат, пелтечат и не го постигнуваат посакуваниот резултат.

Вагите не сакаат да лажат. За нив лагата е начин да му докажат на светот дека сè во животот им е под нивна контрола.

Скорпијата лаже само кога треба да остави подобар впечаток пред другите и да се прикаже себеси во подобро светло отколку што реално е. Често Скорпијата лаже за да добие материјална корист.

Стрелецот лаже со инспирација, но без многу смисла, првенствено за мали нешта, но за жал лесно го откриваат.

Јарците лажат кога треба да се направи добар впечаток. За нив лагата е начин да се убедат луѓето во високиот материјален и социјален статус.

Водолија не лаже, таа едноставно не кажува целата вистина, за да не се чувствува како лажго. Водолија не толерира моментите кога ќе почувствува дека била излажана.

Рибите лажат многу, но според нив самите тие едноставно се обидуваат да ја постигнат реалноста во светот на фантазиите. Рибите лесно ја препознаваат лагата, бидејќи се свесни за методите за измама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *