Кои се 4-те најпромискуитетни хороскопски знаци?

15 април, 20150
8

Некои знаци се посебно добри партнери во собата токму заради квалитетот кој го бараат преку квантитетот. Сакаат да експериментираат и често да ги менуваат партнерите.

Според тоа, овие 4 хороскопски знаци се најголемите љубители на секс:

Познати по својата дволичност, Близнаците сакаат да имаат повеќе опции. Дури и ако треба да растурат некоја врска за да го прошират своето сексуално знаење и искуство, ќе го направат тоа. Што е најлошо, никогаш нема да бидат задоволни и затоа се во постојана потрага по нови и поинтересни партнери од претходните.

Кога се работи за Стрелците, нивното либидо никогаш не е задоволено. Најголемото диво дете во зодијакот сака да е слободно, да проба сè барем еднаш и да ги брка своите страсти, без оглед на тоа колку тие се штетни, или недостапни. Заради тоа Стрелецот сака да има избор од повеќе партнери на кои може да им се јави во секое време

Рибите живеат за мали авантури, а сексот секако е една од нив. Тие се склони кон фантазирање, па често бакнуваат премногу жаби пред да го пронајдат принцот. Од таа причина, нивното оправдување за промискуитетот е непоправливиот оптимизам за вистинска љубов.

Оваа листа не би била комплетна без Скорпиите, знакот кој го претставува сексот во зодијакот. Интересно е што тие може да одат од крајност во крајност – или да имаат премногу партнери или да бидат опседнати со себе. Без оглед на тоа во која категорија спаѓаат, сексот е голем дел од нивното секојдневие. Скорпиите се во постојана потрага за возбудлив секс, кој го сметаат за еден вид на спорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi