Кој од зодијачките знаци изневерува, а кој вистински љуби?

25 април, 20150
10

Погледнете кој знак е подложен кон изневерување, кој сака секс во лифт, а кој порно филмови. Запознавте нов дечко/девојка, а сакате да знаете каков е во сексот? Дознајте го неговиот хороскопски знак, а сѐ останато прочитајте во текстот.

Овен

Овенот сака груб секс. Тој/таа сакаат да го почуствуваат партнерот. Тоа што никако не сакаат е да чекаат. Не го завлекувајте Овнот – ако ви се допаша, слободно поминете на дело, и тој нема да ви замери. Припадниците на овој знак се секогаш спремни за експертиментирање, но пуштете ги тие да ја водат играта. Воглавно се верни, освен ако личноста со која се во врска, не е во состојба да одговори на нивната сексуална енергија. Во спротивно – не влегувајте во било какви односи со нив, бидејќи Овновите не можат да бидат во врска со оние кои не можат доследно да ги пратат.

Бик

Биковите се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобра предигра за нив е чаша вино, топло чоколадо, добро и вкусно јадење. Битно им е сѐ да оди полека, без брзање. Биковите сакаат и добро избран долен веш, жените носат подвезици, а во кревет доаѓаат нашминкани. Биковите се големи хедонисти, но сепак се верни, освен ако не им стане досадно со партнерите. Тогаш им нема помош. Биковите не се промискуитетни, а квалитетот го ставаат пред квантитетот.

Близнаци

Близнаците летаат во сѐ, па и во сексот. Добриот разговор за нив е вистински афродизијак. Ако не успеете да ги заведете со зборови, не се обидувајте со други методи. Тие сакаат еротски приказни, но и униформи, престорување во нешто друго. Не ги менуваат партнерите така лесно, но, ако не најдат сродна душа, тие не запираат во потрагата по вистинскиот. Не брзаат, но, сепак не оддаваат со посебна стабилност и доверба.

Рак

Овие личности најлесно ќе ги заведете на нивен терен, во нивниот дом. Подгответе им го омиленото јадење, но не брзајте, бидејќи Раковите сакаат сѐ да оди полека. Битни им се чувствата, дури побитни и од сексот, но не може да се каже дека се најверните од сите зодијачки знаци. Не се перверзни, но сакаат секс во вода.

Лав

Лавовите сакаат луксуз, сјај. Додворувајте им се на убави и интересни места, но и во природа. Пригушеното светло, добро вино, малку ласкање и кралот на животните ќе ви јаде од раце. Но не брзајте. Лавовите знаат што сакаат, затоа не вреди да ги терате во нешто со сила. Сакаат да доминираат. Гледаат порно филмови, но ретко заедно со својот партнер, сакаат да учат, да бидат во тек со новитетите кога е во прашање сексот. Не се промискуитетни, но не остануваат во врска во која нема емоции и љубов.

Девица

Девиците тешко се опуштат. Во тоа им помага убав долен веш, притаено светло. Сакаат внимание, но и ситни подароци и гестови. Тие се еден од најверните знаци во зодијакот. Наоружајте се со трпение и ќе уживате. Притоа, бидете максимално педантни. Девиците сакаат се, само не неред.

Вага

Вагите сакаат се оди полека, да биде едноставно и убаво. Сакаат секс, секојдневно, но може да се воздржат. На нив чувствата им се на прво место. Не им е битно каде ќе водат љубов, односно, тоа може да биде на отворено, во кујна, на подот. Лесно се прилагодливи.

Шкорпија

Шкорпиите се едни од најперверзините знаци. Знаат како да привлечат внимание кога ќе посакаат, но знаат и како да одбијат. Сакаат порно филмови и секс во најразлични пози. Ним им е потребен добар љубовник кој ќе се посвети максимално на тој чин. Не изневеруваат, освен ако нешто озбилно не е во ред со врската или бракот.

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои сакаат сѐ да пробаат и да знаат. Тие знаат дека искуството не може да се стекне само со еден партнер, па затоа често и менуваат. Гледаат да бидат отворени према сѐ и сешто, сакаат униформи, слобода во сексот, и ако партнерот не го поддржува во тоа и нема енергија, нема да останат долго во нечиј живот. Сексот им е битен и за нив, само тој чин е показател дали сѐ е добро во врската во која се наоѓаат.

Јарец

Јарецот е највоздржаниот знак, но и најиздржливиот во секс. Верен. Може со часови да измислува пози, да угодува на партнерот, но само ако сака. Доколку не се труди, треба да знаете дека ништо не чувствува кон вас. Тој е трпелив, но кога ќе дојде до сексуалниот чин, ќе сфатите дека вредело да се чека.

Водолија

Тие сакаат сѐ да пробаат, да експериментираат, перверзни се. Не скаат да чекаат за секс, но никогаш нема да го притискаат партнерот. Ако сакате секс во лифт, автомобил, на плажа… Тогаш барајте ги Водолиите. На нив ништо не им е страно. Еротските филмови им се омилен жанр.

Риби

Сензуалните Риби сакаат секс со музика во позадина, добро вино. Квалитетнат храна е одличен афродизијак за нив. Не се оптеретуваат со бројот на партнерите. Лесно губат интерес, а подложни се на паралелни врски, пред сѐ, исклучиво поради секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş