Која беше најголемата грешка што ја направивте до 30-та година и што научивте од неа?

popara3 февруари, 20151min00
01

Животот поминува толку брзо што е тешко да се фати секој момент и да го направиме совршен.Низ годините си дозволуваме многу грешки, од кои повеќето ги сфаќаме дури кога е веќе предоцна.

Ова се шест вистински приказни на луѓе кои одговорија на прашањето „Која беше најголемата грешка што ја направивте до 30-та година и што научивте од неа?”

1. Мојата најголема грешка беше тоа што кога имав одлична жена крај себе, не и ги признавав чувствата. И најлошо од сè е што целосно го знаев тоа, но гордоста не ми дозволуваше да го менувам. Оваа жена постојано им даваше нова шанса на нашите односи, но конечно, апсолутно мудро од нејзина страна, ме напушти. И сега таа е мажена за друг. Ние сè уште сме добри пријатели и можеби има малечка искра меѓу нас, но веќе сè е готово и неповратно изгубено. Ова сознание се претвори во вистински пекол за мене. Сепак, подобро е вака, отколку таа да исчезнеше од мојот живот засекогаш. Што сфатив? Не бидете идиоти. Покажете му на својот партнер колку го цените и ако ви помине низ умот да направите некоја глупост, фрлете ја глупавата гордост колку што може подалеку.

Дејвид Сторс, фриленсер

2. Не знам дали очекувате апстрактен одговор, но мојата најголема грешка беше гневот. Сега сфаќам колку време сум изгубил лутејќи им се на газдата, на колегите, на политичарите, на вработените во установите, на жената која ме напушти, на луѓето кои ме лажеле, па дури и на моите родители. Знам дека мојот гнев не беше неоснован – секогаш имало посебна причина. Дури сега како се враќам назад и се обидувам да ги оценам работите, па гледам дека тоа биле логични дејствија од моја страна. Овој гнев е целосно губење на време и  јас сум си нанел многу повеќе штета на себе отколку на било кој од овие луѓе. Сега кога имам 40 години, престанав да се лутам и да ја покажувам нервозата. И знаете, сега спијам подобро, многу продуктивен сум во својата работа и сум опкружен со прекрасни луѓе.

Тим Ромеро, претприемач

3. Пред да наполнам 30, јас направив четири големи грешки:

Прва грешка – Премногу долго го одложував забременувањето. Најнапред го чекав вистинскиот момент. Кога тој дојде сепак, добив голема понуда за работа и кариера и одлучив дека ќе биде несоодветно да забременам. По неколку години, кога веќе бев сигурна дека е дојден вистинскиот момент – не можев да забременам. Направив дополнително лекување и сепак забременив, но …

Втора грешка. Мислев дека откако сум во добра здравствена состојба, за време на бременоста можам да продолжам да живеам како дотогаш, па родив предвреме во шестиот месец…

Потоа дојде третата грешка. Јас не се борев доволно за своето бебе.  За време на породувањето ми ставија морфиум и јас не се сеќавам ништо од она што се случило … Воопшто не знам што се случи со моето дете. И се срамам од сето тоа.

И конечно – четврта грешка. Потоа му го свртев грбот на мојот сопруг, наместо да се обидеме да го надминеме заедно она што ни се случи, имав големо чувство на вина и не знаев како да се справам.  И така, јас го загубив не само детето, туку и човекот кого го сакав и сакам до ден денешен. Работите во мојот живот се поправија кога наполнив 40. Се омажив се повторно родив. Сега се прашувам: Требаше ли да поминам низ сето тоа, за да ја откријам среќата? Да. Не. Можеби.

Елисон Витмајер, психолог

4. Пред да наполнам 30, оставив другите да управуваат со мојата фирма и на крајот , таа банкротира.

Кога имав 30, 365 дена во годината играв покер, и издвојував многу малку време за своето семејство, за своето здравје и за развојот . Никогаш нема да си простам, што го затворив телефонот на еден од повиците на тато, и пота не му  се јавив. По шест месеци тој доби мозочен удар и почина. Прости ми, тато!

Џејмс Алтушер, блогер и бизнисмен

5. Јас имам неколку многу добри пријатели од детството и речиси ги изгубив. Кога се оженив, се покажа дека жена ми не се согласува со нив и јас постепено почнав да се гледам со моите пријатели се поретко. Престанав да им се јавувам и да ги канам на заеднички излегувања, како што правевме дотогаш. Во тоа време не размислував особено за тоа, но потајно се надевав дека ќе ме разберат. Сепак со нив бевме како браќа … По 18 години брак – се разведов и се обидував да го обновам пријателството. Но сега, кога се гледаме, моите пријатели ми изгледаат толку далечни … Гледам дека ќе е потребно доста време за да биде се како порано. Што научив? Не мислете дека пријателите ви се браќа. Братот си е брат, дури и да не се разбирате со него. Но пријателите може и да не останат засекогаш ваши пријатели. Пријателството бара постојано внимание.

Александар Мајер, фриленсер

6. Мислам дека една од моите најголеми грешки беше тоа што премногу бев фокусиран на работата и кариерата и издвојував многу малку време за пријателите и семејството, а исто така и за здравјето.

Во сите овие години јас само работев и работев . Деновите минуваа на следниов начин – се будам, одам на работа, се враќам, легнувам и заспивам. И така секој ден. Повторно и повторно. Дури не забележав како сето тоа се одрази на моето здравје, а да не зборуваме дека не  вложував никакви напори да се одржувам во добра форма. И сега, кога се враќам назад, не можам да се сетам на речиси ништо од овие години. Гледам дека едноставно сум се стремел кон  некаква илузорна цел. Сега се обидувам да го надокнадам изгубеното и да живеам повеќе избалансирано. Мој совет е: Грижете се за вашето здравје. Тоа е приоритет број еден! Нема ништо полошо од тоа на 30 години да се чувствувате постојано изморени. Верувајте ми, тоа е одвратно! Не работете безобзирно. Креирајте моменти, за кои подоцна ќе ви биде пријатно да се сеќавате. И не заборавајте – колку повеќе минуваат годините, толку потешко е да се создадат вистински односи. Живејте умерено. Јас се искачив толку жестоко по скалилата на кариерата и бев толку фокусиран на тоа колку заработувам што дури станав циничен. Не бидете цинични пријатели!

Мајкл Бах, дизајнер и фотограф

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma